Во предизборната кампања пред локалните избори закажани за 17-ти октомври, утре со почеток од 19:00ч, Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, ќе одржат митинг, во спортската сала „Тими“, Струга.
Пред граѓаните ќе се обрати кандидатот за иден градоначалник на општина Струга, Идри Истрефи, лидерот на партијата Зијадин Села, носителот на листата за советници, Нијази Џумкар, пратеникот и Претседател на изборниот штаб – Струга, Сурија Рашиди.
Утре исто така, партијата Демократска унија за интеграција (ДУИ), организира митинг со почеток во 18:00ч, на локација „Нова Аполониа“.
На присутните ќе им се обрати, актуелниот градоначалник и иден кандидат за градоначалник, Рамиз Мерко, Претседателот на партијата, Али Ахмети, носителот на листата Арбереша Влаши и други.










