Фудбалерите на Баерн вечерва славеа на стадионот Ноу Камп без поголеми проблеми против Барселона со резултат 3: 0.
Последниот пат кога овие две екипи ги вкрстија копјата, резултатот на семафорот покажа нереални 8-2 за Баерн. Тој натпревар се одигра на 14 август минатата година како дел од четвртфиналето на Лигата на шампионите во Лисабон.
Овој пат, Баварците имаа милост за Каталонците, кои се надиграа на својот стадион со „само“ три гола разлика. Повеќекратниот шампион на Германија ги имаше апсолутно сите навои на играта во свои раце, за што сведочи фактот дека Барселона не упати ниту еден удар во противничкиот гол. Покрај трите постигнати гола, Баерн погоди две стативи, па резултатот можеше да биде поубедлив.










