СРЕБРЕНИЦА (АА) – Жртвите на геноцидот чии останки се пронајдени, ќе се погребаат во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари, додека некои од жртвите брутално убиени во геноцидот во Сребреница, што се случи пред точно 26 години, чекаат да бидат пронајдени во масовните гробници, јавува Агенција Анадолија (АА).

По комеморацијата и погребната церемонија што ќе се одржи во Поточари на 11 јули, на годишнината од геноцидот, ќе бидат погребани останките на уште 19 жртви.

Амор Машовиќ, директор на Институтот за исчезнати лица во Босна и Херцеговина, во изјавата за Агенција Анадолија, потсетувајќи дека многу деца се убиени во геноцидот во Сребреница, рече: „Ние знаеме дека убиени се 88 млади на возраст од 18, 177 на 17 години, 109 на возраст од 16, 51 на возраст од 15 и 14 жртви на возраст од 14 години.“

Истакнувајќи дека потрагата по исчезнатите жртви од војната ја достигна најтешката фаза поради исцрпеноста на сите извори на информации, Машовиќ рече: „Досега се пронајдени повеќе од 25 илјади тела на исчезнати лица. Пронајдени се многу масовни гробници во земјата. Илјада и двесте жртви на геноцидот во Сребреница сѐ уште не се откриени.“

Машовиќ, посочувајќи дека иако се пронајдени останки на 7.111 жртви од вкупно 8.372 мажи Бошњаци, рече дека некои од нив не може да се идентификуваат.

„Никаде во светот не се пронајдени сите жртви на големи конфликти или природни катастрофи во кои исчезнаа стотици или илјадници луѓе. И кај нас ситуацијата нема да биде поинаква. Останките на жртвите се физички уништени, некои се кремирани, пепелта им е фрлена во реката Дрина, а некои се закопани во места кои тешко може да се пронајдат“, рече Машовиќ.

– „Некои од жртвите во пластични кеси чекаат да бидат погребани повеќе од 20 години“ –

Наведувајќи дека 96 жртви, чиј идентитет не може да се идентификува, исто така треба да бидат погребани, Машовиќ рече: „Овие луѓе имаат починати родители, немаат деца, немаат браќа и сестри или блиски роднини. Нема кој да даде примерок од крв за да може да се идентификуваат. Некои од овие жртви, чии останки се пронајдени во масовни гробници во близина на Сребреница, Братунац, Власеница и Зворник, чекаа да бидат погребани во пластични кеси повеќе од 20 години.“

Потсетувајќи дека жртвите живееле и умреле заедно со жртвите закопани во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари, Машовиќ додаде дека и тие заслужуваат да имаат бели надгробни споменици.

– „Мојот син беше убиен гладен“ –

Мирсада Малагиќ, која ги загуби своите два сина и сопругот во геноцидот, нагласи дека кога започнала војната, нејзиниот најмлад син одел во прво одделение, средниот син во шесто одделение, а најстариот син во средно училиште.

„Мојот најстар син Елвир имаше 19 години кога беше убиен, мојот среден син Адмир имаше 15 години“, рече Малагиќ.

Наведувајќи дека се разделила од членовите на нејзиното семејство во близина на бензинската пумпа во Сребреница, Малагиќ рече: „Стигнавме до точка каде што мораа да се разделат оние што решија да заминат низ шумскиот пат и оние што тргнаа кон Поточари. Артилериските гранати почнаа да паѓаат врз нас. Јас, викајќи и врескајќи, заминав без да се збогувам со моите роднини.“

Наведувајќи дека сопругот и децата ги погребала во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари, Малагиќ додаде:

„Во останките од мртвото тело на мојот син Адмир недостигаа коски. Лекарите рекоа дека бил застрелан со куршуми. Тој беше тивко, мирно момче. Бевме гладни и жедни во Сребреница. Сигурна сум дека мојот син беше убиен гладен. И неговите врсници беа исто како него.“

 

– Оваа година ќе бидат погребани 19 жртви –

На комеморативната церемонија што ќе се одржи на 26-годишнината од геноцидот, ќе бидат погребани телата на 19 идентификувани жртви.

Најмладиот од жртвите погребан оваа година ќе биде Азмир Османовиќ, кој имаше 16 години кога беше убиен, а најстариот е Хусеин Курбашиќ, кој беше убиен на 63-годишна возраст.

Имињата на другите жртви се:

Вејсил Хамзабеговиќ (1939), Мухидин Мехмедовиќ (1977), Рамиз Селимовиќ (1951), Еснаф Халиловиќ (1976), Муамер Мујиќ (1976), Мехмед Бегановиќ (1947), Хајро Алjиќ (1944), Јусуф Алjиќ (1967), Зајим Хасановиќ (1968), Асим Нукиќ (1971), Незир Даутовиќ (1969), Ибрахим Авдагиќ (1950), Јусуф Халиловиќ (1948), Салих Џанановиќ (1955) и Мехо Карахоџиќ (1939).

По окупацијата на Сребреница од страна на српските трупи под команда на Ратко Младиќ на 11 јули 1995 година, цивилните Бошњаци се засолнија кај холандските војници во рамките на Обединетите нации (ОН). Потоа беа предадени на Србите.

Овозможувајќи им на жените и децата да стигнат до подрачјето контролирано од бошњачки војници, Србите масакрираа најмалку 8.372 мажи Бошњаци во пошумени области, фабрики и магацини. Убиените се закопани во масовни гробници.

По војната, жртвите чии тела се пронајдени во масовните гробници, по идентификацијата се погребуваат со церемонијата што се одржува во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари на 11 јули секоја година.

До денеска, 6.652 жртви на геноцид се погребани во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари. Годинава ќе бидат погребани 19 жртви на геноцидот.

Телата на жртвите на холокаустот беа пронајдени во 570 различни делови на земјата. Досега најмладата погребана жртва во Поточари е новороденчето Фатима Мухиќ.

„Anadolu Agency“