Реагираше и Министерството за внатрешни работи со потсетување дека „пратеникот Димитар Апасиев нема имунитет во случај кога полицаец го сопрел неговото возило и сакал да му го пребара, за како што претходно рече пратеникот, да не има евентуално недозволени супстанци во истото“.
Според соопштението на МВР, „според Уставот, пратеничкиот имунитет го штити лидерот на „Левица„ само од кажано мислење на говорница и гласање во Собрание, како и го штити од притвор. Во сите останати ситуации, пратеникот е еднаков пред законите како и сите други граѓани“.
-Полицискиот службеник нема обврска да издаде записник доколку проверката не покажува прекршок. Јавните функционери избрани како народни претставници треба да се првиот пример за граѓаните и да ги почитуваат законите, наместо да злоупотребуваат пратенички имунитет и да се повикуваат на привилегијата која им ја гарантира функцијата. Униформиран полициски службеник при редовно вршење на своите работни задачи, побарал да изврши контрола при управување на патничко возило, во случајот со употреба на дрегер.
Sloboden pecat










