Палестинското движење за исламски отпор, Хамас, во петокот ја осуди забраната на Германија, на неговото знаме и симболи во земјата, поврзувајќи ја со бран на наводни антисемитски насилства, пишува „MEMO“, пренесува „Dubai-Portal“.

Зборувајќи за агенцијата „Анадолу“ („Anadolu“), портпаролот на Хамас, Хазем Касим, изјави: „Жалиме и ја осудуваме одлуката на Германија, за забрана на знамето и симболите на Хамас“.

„Оваа одлука“, според Касим, „не го одразува знаењето за праведната кауза на палестинскиот отпор, претставена од Хамас“.

Во меѓувреме, тој објасни: „И покрај оваа одлука, наративот (за израелско-палестинската борба) се шири и станува сè поприсутен меѓу Европејците“.

Тој истакна дека неговото движење: „Ќе продолжи со легитимната борба против окупацијата“, посочувајќи дека отпорот против окупаторот: „е загарантиран со сите меѓународни и хуманитарни закони и конвенции“.

Ова се случи во пресрет на германскиот Бундестаг што донесе закон за забрана на симболи на групи назначени како терористички организации, од страна на Европската унија (ЕУ), вклучително и Хамас. Законот мора да биде одобрен од горниот дом на Бундесратот, за да стапи на сила.

Торстен Фреи, пратеник на Христијанско-демократската унија на канцеларката Ангела Меркел, за германскиот весник „Ди Велт“, минатата недела изјави дека забраната за знамето на Хамас е одговор на раширените демонстрации, против израелската офанзива врз Газа, минатиот месец.

„Не сакаме да се веат знамиња на терористички организации на германско тло“, рече тој, додавајќи дека забраната ќе испрати „јасен сигнал до еврејските граѓани“.


„MEMO“
„Dubai-Portal“