Американскиот ракетен разорувач „Лабун“, се упати од Црното Море во правец на Средоземното Море, откако заврши патролата, објави на „Twtter“  6-тата флота на американската морнарица, пишува „Sputnik“ , пренесува „Dubai-Portal“.

„Американскиот воен брод „Лабун“ се упати кон југ – преминувајќи од Црното Море кон Средоземното Море – по завршувањето на морската патрола, како поддршка на сојузниците и партнерите на НАТО во Црното Море“, се вели во соопштението.

Претходно беше објавено дека американскиот разорувач пловел во Црното Море на 11 јуни. Националниот центар за управување со одбрана на Русија објави дека Црноморската флота ги следи неговите движења.


„Sputnik“

„Dubai-Portal“