Кога образованието повеќе не е образование.

0
264

Имајќи ја во предвид повеќегодишната состојба во ОУ Мурат Лабуништи- Лабуништа дел од вработените во ова установа решија да се обратат до нашава редакција во врска проблематиката во ова училиште кое според нив повеќе не наликува на образовна установа, каде се врши нормален образовен процес на ученици.На ваков чекор се решиле после состојба се разбира која кулминира овие денови, особено со почетокот на новата учебна година..

Имено веќе неколку денови наназад со почетокот на новата учебна година, се појавија и старо-новите проблеми на ова училиште за кои според нашите соговорници  времето било во прашање  кога истите ќе излезат на повидок.

Според информациите кои денес беа доставени до нас, причината за кулминацијата на проблемите според нашите соговорници е просторот (училница) која според нив му е ускратена за учениците кои треба да посетуваат настава на македонски јазик.

Од тука Ви пренесуваме дела од разговорите со дел од вработени во ова установа кои на некој начин се обидуваа во јавност да ги изнесат проблемите со кои е окупирано ова училиште:

Проблемот во Лабуништа е многу стар, сите спонзори кои го спонзорираа овој проблем сега никаде ги нема, сега се скрија, вели нашиот соговорник, и продолжува:

Наредната година ќе биде уште поголема тензија, зошто ова година се појави тензија во прво одделение, наредната година ќе се појави и во шесто и во прво и во второ. Наредната година ќе се појави тензија, потреба од простории и во шесто и во седмо, и во прво и во второ и во трето.

Во Лабуништа објектот има мерени простории, меѓутоа одделенијата се мутирани, тие вештачки се размножувани, не се почитуваат ниту стандардите за формирање на одделение, сите се повикуваат на уставното право на образование на децата на мајчин јазик, а не на обврската на јазикот што го познаваат дома, домашниот јазик.

Во Лабуништа постојат приватни паралелки, приватни наставници кои што се спонзорирани од надворешни фондови и кои што не се на список на министерството за образовани, а во Струга во локалната власт, постои двојна администрација.

Државниот просветен инспекторат молчит и тој е директен спонзор во последниве години од кога почнаа да мутираат овие работи.

Минатата година 2014/15, во јуни месец четворица колеги завршија на македонски јазик, и тие се со старо финансирање си имаа стари простории и  имаа над 15 и 20 години работен стаж, и тие се на списокот на министерството за економија и образование. Од нивните паралелки, минатата година се затворија три паралелки, истата година вештачки и нестручно се покрија наставниците.

Со оглед на околностите еден колега почина, друг се пензионира, трет колега го испратија македонски да предава во албанските паралелки, и на тој начин минатата година затворија три паралелки на македонски јазик и остана само една.

Пред минатата година, три палалелки на македонски јазик се затворија, остана само една. Сега имаме ситуација  прво одделение да земаат четири наставници, а зедоа само двајца, двајца извисија, нивните простории се окупирани од други наставници кои што се на црно вработени кои што не се решение од ресорното министерство.

Минатата година на македонски имаше 36 деца и околу 90 на албански јазик во прво одделение, меѓутоа со убедување бројката за кратко се намали на 32 ученици за да не се отворит втора паралаелка на македонски јазик.

Нашиот колега беше под голем притисок што работеше со 32 деца, бидејќи немаше ниту услови за дишење во паралелката, ниту да се спроведи некаква современа техника за образование.

 

Според законот за формирање на паралелка потребни се минумум 24 ученици, а максималната е 34,меѓутоа имајќи ги во предвид миграциите во последниве 10-15 години, се разбира и асимилаторската политика,како и економската криза, се случи ова што се случува, бројот на деца како во другите така и во нашите се намалува, односно вештачки се намалуват.

Без никакви услови децата се запишуваат на албански јазик, ниту со познавање на јазикот, ниту со познавање од страна на домашните за да му се помогни на детето, ниту со решенија на колегите да на албански јазик да предаваа во македонските паралелки.

Минатата година имаше наш колега работеше со 32 деца, ова година со 42 на македонски јазик, се формираа две паралелки, се направи вештачки проблем. Минатата година за да се покријат работите со еден наш колега кој работеше во Боровец, за кој сега не би сакал да зборувам и кој преку суд го доби спорот со ова установа заради преф, сегашниов директор го повлече еден од наставниците за да покрие својата грешка и истиот да биде заменик директор а местото да биде отстапено на наставникот кој го доби судскиот спор. Меѓутоа мандатот е од времен карактер, а професионалниот статус и однос се на неопределено време и на неопределено време сегашниот заменик му го отстапи местото и се назначи за заменик директор, сега ова година истиот се враќа во одделение  и сега насместо 4 пралелка со македонски јазик земаат 5 наставници.

Работите се направија паушало, и се создадее тензија. Решенија имат ако се определат квоти, две паралелки на македонски, две на албански, две паралелки на македонски, пет на албнаски, ова го велаонака според бројот на просториите, ама тие никако да метастазираат, да си ги дела колку и како сакет, да се исполнет желбите на партиските вработени работници.

Овој проблем со делби на паралелки го нема никаде, колку за пример, во ООУ“ Браќа Миладиновци“, четири наставници од вкупно 40 ученици зедоа по 10 ученици во прво оддление заради тоа што истите се по старо финансирање и со работно место на неопределено време. И сега ова не се прајт во Велешта , Велешта имат празни училници, луѓето од ова село си заминаа овде целото училиште е празно, празни училници, наставниците што остануваат технолошки вишок од Велешта се префрлуваат во Лабуништа или Подгорци.

Државниот просветен инспекторат молчи, министерот молчи,градоначалникот форсират, директорот исполнуват, настрадани и колатерална штета, Торбешите од Лабуништа, и профеционалците Торбеши, и децата Торбеши и родителите Торбеши.

Останавме како што бевме пред 30 години како сираци без никаква подршка, како простор и терет за израмнување на есапи меѓу Албанците и Македонците.

Ова година проблемот е сигурно во тоа што имаме враќање во обратна насока, односно враќање на ученици во сите одделенија од албански на македонски.

Што се однесува до Советот на родители и Училишниот одбор последниве 10 години, сите органи во училиштетот во Лабуништа функционираат наменски само една година додека поминат некои одлуки. Проверете во Училишната архива, и ке се уверете дека ниту еден совет на родители ни училишен одбор подолго од една година не траел истиот состав, односно секогаш се формираат на почетокот на годината изгласуваат одлуки и се распуштаат, за никој да не биде одговорен.

Притисокот што не успеа да го направат надвор од училиштетот, сега го прават внатре во училиштето, не успеаја да ги убедат родителите да ги запишат децата на албански јазик бидејќи не гледаат резултати, и сега со вештачки инсцениран проблем, со недостиг на простор за македонски јазик.

Годинава се оди од теоријата дека нема мнигу простории за македонски јазик,односно дека е исполнета предвидената  квота иако бројот на ученици се зголемува кои се запишуваат на македонски.

Денеска за малку беше избегнат и инцидент помешу родителите кои ги имаа запишано децата на македонски јазик, и заради не одвојување на простор (училници) истите мораа да се одржуваат по ходниците, што претставувваше грозоморна слика за децата, особено кога им беше велено да ги запишат каде што сакаат на друго место, Јахја Кемал, Браќа Миладиновци или на друго место, овде немат место за вас.

Испаѓа како оведе за Лабуништаните во Лабуништа немат место.

А, ние почитувани бидејќи излагањето на нашите соговорници е малку пообемно, наскор ќе имаме можност и со видео разговор од нашата редакција подетално да го разгледаме овој проблем, односно нивните излагања се разбира и на останатите наши соговорници во врска оваа проблематика.

Во ова пригода како не би биле прикажани како пристрасни или сакаме да се обидеме да наметнеме некаков проблем. Го повикуваме – покануваме директорот на ова училиште да го изнесе своето видување на ова проблематика која моментално го има запоседнато ова училиште.

(горе наведената содржина претставува гледање-став на вработени во ова установа, и истата не го одразува мислењето на редакцијата на Дубаи Портал)

Dubai-portal.com.mk

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here