Француското радио Европа 1 објави дека француската влада ќе му предложи на Европскиот совет укинување на царинската унија ЕУ-Турција, како одговор на политиката на Ердоган во источниот Медитеран, каде се судира со Грција и Кипар, и за воспалителна реторика против францускиот претседател.

Жан-Ив Ле Дријан, министер за надворешни работи на Франција, го предупреди Ердоган за можни економски санкции во радио-емисија на Европа 1 во четвртокот, пишува Европа 1

Царинската унија на Турција и ЕУ стапија на сила на 31 декември 1995 година.