При експлозија на немуслимански гробишта во Џеда (Jeddah), Саудиска Арабија (Saudi Arabia), повредени се четири лица.

Експлозијата се случи утрово, за време на церемонија организирана од француската амбасада, по повод годишнината од крајот на Првата светска војна, изјавија извори за „Ројтерс“ („Reuters“).
На настанот присуствуваа претставници на Франција (France), Грција (Greece), Италија (Italy), Велика Британија (United Kingdom) и САД (USA).

Неколку часа по нападот, саудиските државни медиуми цитираа локален претставник дека во инцидентот полесно се повредени претставници на грчки конзулат и еден саудиски полицаец. Британската влада објави дека и еден државјанин на Велика Британија (United Kingdom) претрпел полесни повреди.
Грчкото Министерство за надворешни работи го осуди нападот и соопшти дека грчкиот полицаец кој го придружувал вработениот во конзулатот на церемонијата бил хоспитализиран, но дека неговиот живот не е во опасност.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=_VzKTdgxAog[/embedyt]
„Dubai-Portal“
„Sputniknews“/„Arabnews“










