Експертите коишто ги оценија неодамнешните настани во Источен Медитеран и на Егејот, истакнаа дека Грција не го почитува меѓународното право постапувајќи против договорите од Лозана и Париз.
За Агенција Анадолија (АА) експертите ја оценија состојбата на островите во Егејот и на Додеканеските Острови.
Пензионираниот професор на факултет, проф. д-р. Џевдет Кучук, истакнувајќи дека групата острови е позната и како Ментеше и Гунеј Спорат, рече дека делот од островите, што е окупиран од страна на Италија, е наречен Додеканески Острови.
Според професорот, тие острови се: Батноз (Патмос), Липсо, Лерјоз (Лерос), Килимли (Калимнос), Истанкој (Кос), Истанпулја (Астипалејa), Инџирли (Нисирос), Илјаки (Тилос), Сомбеки (Сими), Керпе (Карпатос), Херки (Халки) и Кашот (Касос).
Наведувајќи дека Родос и Додеканеските Острови биле освоени од Сулејман Величествениот во 1522 година, Кучук истакна дека активностите на Русите во Егејското Море во 1770 година предизвикале нарушување на јавниот ред и мир на островите.
Проф. д-р Кучук изјави дека првиот напад на островите кои биле под османлиска власт бил спроведен од Италија, која објавила војна против Отоманското царство во 1911 година поради нејзините интереси во Либија. Италија окупирала вкупно шеснаесет острови во 1912 година.
– „На Лондонската мировна конференција не е постигнат договор“ –
Професорот Кучук, наведувајќи дека со Договорот од Лозана, потпишан меѓу Италија и Отоманското Царство на 15-18 октомври 1912 година, било решено Италијанците безусловно да ги напуштат окупираните острови во случај Османлиите да се повлечат од Триполи, рече дека Италијанците, тврдејќи дека османлиските војници не се повлекле од Триполи, останале на островите.
Истакна дека од 20 октомври до 20 декември 1912 година Грција ги освоила островите Бозчеада (Тенедос), Лимни, Тасос, Ѓокчеада (Имброс), Самотракија, Хиос и Лезбос, и рече дека на 23 декември 1912 година, откако Грција ги зазела островите, одржана е Лондонската мировна конференција и дека таа не дала резултати.
– „Франција го освои островот Меис (грчки Кастелоризо)“ –
Професорот Кучук, исто така, истакна дека во период кога османлиската Влада ги продолжила билатералните преговори со Грција за да врати некои од островите што ги окупирала за возврат на некои од Додеканеските Острови, започнала Првата светска војна.
„Италија на 22 август 1915 година ѝ прогласи војна на Османлиската Држава, наведе дека нема да ги исполни обврските од Договорот од Лозана и дека нема да се повлече од Родос и Додеканеските Острови. Франција го зазеде островот Меис на 30 декември 1915 година на покана на луѓето кои се побунија против грчката администрација.“
– „Неформалната понуда на Германците го вклучуваше тоа Турција да се повлече од војната и да биде на страната на Германија“
Проф. д-р Кучук изјави дека откако Мировниот договор во Лозана беше потпишан и ратификуван од Големото национално собрание на Турција, островите Родос, Додеканеските Острови и Меис официјално почнале да се управуваат од Италија под името „Италијански Егејски Острови“.
Потенцирајќи дека прашањето за егејските острови започнало повторно да се дискутира откако во Втората светска војна Италија била на страната на Германија, Кучук рече дека островите што биле под Италија, најпрвин биле преземени од Германија, а потоа од Британија.
– „Дел од турското население мораше да ги напушти островите“ –
Проф. д-р Кучук истакна дека со Мировниот договор од Париз од 10 февруари 1947 година, каде што Турција не била претставена, островите Родос, Додеканеските Острови и Меис биле дадени на Грција.
„Според одредбата на Договорот од Лозана за демилитаризација на островите близу до бреговите на Анадолија, беше прифатено тоа дека Грција не може да гради воени бази и да распоредува војници на овие острови. Грција ги припои овие острови како административна поделба под името Додеканески Острови (Додеканези). Турците од Додеканеските Острови, кои 35 години живеа со италијанско државјанство, мораа повторно да го сменат државјанството или да ја напуштат својата земја. Со законот за туризам донесен во 1953 година во Грција, на земјите што беа во сопственост на Турците се градеа туристички капацитети. Дел од турското население кое ја изгуби својата земја и претрпе угнетување мораше да ги напушти островите“, нагласи професор Кучук.
– „Распоредувањето на војниците на Меис покажува дека Парискиот договор е прекршен“ –
Професорот Мустафа Башкара од Универзитетот за социјални науки во Анкара истакна дека има 3 различни меѓународни договори со кои е загарантирано дека Грција не смее да ги вооружува островите.
Наведувајќи дека распоредувањето војници на островите е против меѓународните договори, Башкара нагласи:
„Со 13-тиот член од Мировниот договор од Лозана, а потоа и со Договорот за теснеци од Лозана, е предвидено дека островите ќе бидат демилитаризирани. Во 1947 година, Додеканеските Острови ѝ беа дадени на Грција со услов за невоен статус со Парискиот договор. Вооружувањето и обидите за приземјување трупи на островите се очигледно кршење на меѓународното право. Информациите во врска со распоредувањето на војската на Грција на островот Меис, исто така, покажуваат дека е прекршен Парискиот договор.“
– „Ставот на ЕУ е против нејзината основачка филозофија“ –
Башкара потсети дека за време на кризата Имија (Кардак) во 1995 година, во Големото национално собрание на Турција, со учество на сите партии, договорено е дека провокативната реторика на Грција оти ќе ги прошири територијалните води за 12 морски милји, може да биде причина за војна.
Оценувајќи го ставот на Европската Унија (ЕУ), Башкара рече дека ЕУ во секоја можност, и покрај меѓународното право, ја поддржува Грција.
„Овој став на Европската Унија (ЕУ) е против основачката филозофија на ЕУ. Не е можно во Европската Унија да се зборува за границите на морското подрачје. Исто така, во кој било текст на ЕУ не постои одредба во врска со поморските граници на ЕУ. Во овој контекст, ставот на поддржување една страна на ЕУ и на претставниците на ЕУ за прашањата во Источниот Медитеран и Егејот нема основа ниту во домашното законодавство, ниту пак, во меѓународното право. Ставот на ЕУ за ова прашање не е правен, туку политички“, нагласи професор Башкара.
Д-р Башкара, посочувајќи дека чекорите на Грција се спротивни на основните принципи на меѓународното право, рече дека го загрозуваат функционирањето на постојниот систем, кој е загарантиран со Договорот од Париз.
Anadolu









