Рамковен договор по мерка на дневно-политичките интереси

0
129

Пред деветнаесет години, на 13 август 2001 година, во претседателската резиденција на Водно во Скопје беше потпишан Охридскиот рамковен договор. Договорот стави крај на воениот конфликт и ги смири меѓуетничките односи во земјата. Истиот ја ужива поддршката од Меѓународната заедница и од поголем дел од партиите од македонскиот и албанскиот политички блок, како рамка за развој на државата.

Деветнаесет години по потпишувањето на договорот со кој се стави крај на воениот конфликт во 2001 година, мислењата за тоа дали тој ја постигнал својата цел во однос на реализацијана обврските што произлегуваат од него, остануваат поделени.

Договорот несомнено донесе мир, велат дел од искусните политичари и аналитичари, но перцепцијата на албанските политички партии е дека договорот останува отворен за нови барањаи негово проширување, вели поранешниот собраниски спикер Тито Петковски.

„Ако една од најголемите придобивки од договорот е мирот, стабилноста, да нема воени дејствија, останатото според политичките партии од албанскиот кампус остана како обврска, како еден вид можност постојано да пенетрираат со нови барања преку тој договор за кои мислам дека немаат смисла. Значи, позитивната улога на договорот беше имплементацијата на мирот, но сега гледам дека за кое било прашање ако не им се одговори позитивно од другата страна на Владата постојано бараат проширување на договорот, што е непринципиелно и претставува непочитување на партнерите кои учествуваа во потпишувањето на договорот“, вели Петковски.

Универзитетскиот професор Мерсел Биљали укажува на недостигот на капацитет на политичките лидери да го спроведат договорот со предвидената динамика, па токму затоа вели дека премногу се доцнело и со нормативниот, но и со практичниот дел од имплементацијата на рамковниот. Сепак оценува дека истиот помогнал во дадениот момент државата да тргне кон рационалниот пат. Истиот, посочувавели Биљали, помогнал во релаксирање на меѓуетничките односи.

„Мислам дека во голема мера помогна во таа насока. Можеби ќе требаше многу години да загубиме за тоа, некако ги приземји сите етнички заедници да живеат еден покрај друг, да комуницираат и да можат да ги разберат проблемите на едните или другите. Мислам дека сме на добар пат за создавање на граѓанска функционална држава. Но, сега проблемот е се помалку етнички, туку е се повеќе борба за функционирање на државата и борба со организираниот криминал и корупцијата“, вели Биљали.

Повеќе на: