Министерката за надворешни работи на Шпанија, Аранча Гонзалес Лаја, изразувајќи ја својата загриженост по расистичкиот терористички напад во германскиот град Ханау, изјави „Опасноста што произлегува од ова е слабеење на нашите демократии. Толеранцијата кон екстремната десница треба да е нулта“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерката Лаја која зборуваше за шпанското национално радио изјави дека екстремната десница многу ја загрижува.

Потенцирајќи дека тоа претставува најсериозниот карцином за демократијата, Лаја изјави: „Видовме како изгледа говорот на омраза, ксенофобијата или обележувањето на другиот, и затоа тоа не можеме да го земеме здраво за готово, бидејќи може да доведе до распарчување на демократијата. Опасноста што произлегува од ова е слабеење на нашите демократии. Толеранцијата кон екстремната десница треба да е нулта.“

– Во расистичкиот терористички напад загинаа 9 лица

Во саботата вечер, на 19 февруари, изведен е расистички терористички вооружен напад во две кафулиња во германскиот град Ханау. Во нападот животот го загубија 9 лица, од кои петмина се Турци.

Тим на Специјалните единици спроведе операција, при што во нивниот дом пронајдени се телата на 43-годишниот напаѓач Тобиас Р. и неговата 72-годишна мајка.

Објавени се информации дека во домот на Тобиас Р. се пронајдени ловечка дозвола, писмо и видео.

Германската канцеларка Ангела Меркел за нападот изјави: „Расизмот е отров, и омразата е отров, и овој отров постои во нашата заедница.“

Пренесува: „Dubai-Portal“

Пишува: „Anadolu Ajansı“