ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со францускиот колега Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган во заеднички телефонски разговор изрази сочувство поради страдањето на луѓето во расистичкиот напад во германскиот град Ханау, и ги осуди ваквите напади мотивирани со ксенофобија, расизам и исламофобија.

Турскиот претседател наведе и дека е потребно да се запре агресивноста на сирискиот режим и неговите сојузници и со конкретни чекори да пружи цврста поддршка на спречувањето на хуманитарната криза.

Тој додаде и дека е потребно заеднички да се работи за во Либија да се воспостави мир, стабилност и благосостојба.

Пренесува: „Dubai-Portal“

Пишува: „Anadolu Ajansı“