Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, утрово на шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, и го предаде аудио записот и транскрипт од материјал што го добил од „свиркач“, а веќе го објави од говорницата на собраниската Комисија за европски прашања. На снимката, наводно, се слуша гласот на поранешниот премиер, Зоран Заев, кој со непознато лице разговара за финансирањето на телевизијата на првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, 1ТВ. Наводно, Јовановски добивал пари за 1 Тв од бизнисменот Силјан Мицевски, како донација преку проектот за старачки домови на Меѓународниот сојуз.
Милошоски кажа дека дал само еден разговор, оној од Комисијата, за потоа на новинарско прашање дали ќе го предаде и разговорот кој бараше да го објави на пленарна седница, а не доби дозвола од Собранискиот спикер Талат Џафери, тој рече ,,Дадов се што имам, ако добијам други материјали, ќе ги доставам и тие“.
,,Направивме уреден запис на материјалот, обвинителката беше коректна и рече дека ќе го вметне во истрагата за Меѓународниот сојуз. Ова дава сомнеж дека Зоран Заев знаел како се финансирал Сојузот, а помагал и при финансирање на 1ТВ. Јас како правник порачувам Обнвинителствто да го повика Заев и трој да даде исказ во однсо на сомневањата”, рече Милошоски.
NovaTV










