Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со негласањето на Законот за Јавно обвинителство јасно покажа дека не е за правна држава и за европска иднина на земјава. Заев порача дека СДСМ продолжува со реформите и ги повика сите, како што рече, правдољубиви граѓани, утре во 18 часот пред Собранието да се приклучат кон „Маршот на правдата“ кој ќе води до Судот – местото каде, како што рече, ќе се случат правните разрешници.
Од прес-конференцијата во партискиот штаб испрати и порака до европските лидери, дека земјава го спроведе ветеното и дека сега ЕУ е на потег.
„ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за правна држава, ниту за европска иднина, покажа дека ништо не се променило, дека Белиот дворец е се уште е заложник на осудениот криминалец Груевски“, истакна Заев.
Извор:НоваТВ












