ИСТАНБУЛ (АА) – Турција го претстави својот нов автомобил од домашно производство, првите возила ќе излезат од лентата во 2022 година.

Првиот домашен автомобил на Турција којшто беше свечено претставен денеска е повеќе од автомобил…

Автомобилот на Турција располага со најдолго меѓуоскино растојание меѓу автомобилите од овој сегмент, со помош на брзо полнење под 30 минути батеријата ќе може да се наполни до 80 отсто.

Ќе располага со опции со домен од 300+ и 500+ километри, од раѓање електрична (иновативна) модуларна платформа, ќе биде постојано поврзан со центарот и своите ажурирања ќе може да ги добива со 4Г/5Г (4G/5G) врска од далеку.

Автомобилот ќе располага со пакет батерија со долг век на траење, којшто ќе се обезбедува од системи на управување со развиена батерија и активно термичко управување, со 200 коњски сили со 7,6 секунди забрзување до 100 км/ч, 400 коњски сили со испод 4,8 секунди забрзување до 100 км/ч.

Првиот домашен автомобил на Турција ќе биде 100 посто електричен (електричен од раѓање) и секако со умни (смарт) технологии коишто ќе нудат многу повеќе од еден автомобил ќе биде трет простор на живеење за човекот, по неговиот дом и работното место.

Автомобилот на Турција со својата интегрирана инфраструктура постојано без прекин ќе располага со интернет и ќе нема потреба од одреден различен уред за интернет поврзување.

Автомобилот, ќе биде во комуникација со целата умна урбана инфраструктура, електричната мрежа, електричните и технолошките уреди, домовите и зградите, а воедно ќе се трансформира во асистент којшто ќе функционира во бројни различни сфери од животот.

 

Турција го претстави новиот автомобил од домашно производство

[#Видео] #Турција го претстави новиот #автомобил од домашно производство http://v.aa.com.tr/1685645

Gepostet von Anadolu Agency Macedonian am Freitag, 27. Dezember 2019

Anadolu Agency – Trt