Пред долго време пишувавме дека со купувањето и продажбата на домашните производи, Турција го штити националниот интерес. Ретко кога купувате странски. Она што се купува во странство го нема во Турција. Турците купуваат странски производ, го анализираат, и подготвуваат во своите фабрики за идно производство на сличен производ. Вака прават големи нации, додека малите трепнуваат со ушите, слушаат и плаќаат.
Турција денес го претстави проектот за производство на сопствен електричен автомобил. Агенциите велат дека станува збор за долгогодишна желба на претседателот Ердоган и неговите соработници. Уште во ноември 2017 година, Ердоган најави план за производство на домашни електрични автомобили. Планот треба да биде комплетиран до 2021 година.
Денес, Ердоган го претстави новиот електричен автомобил и го свози пред камерите, докажувајќи дека Турција не е бирократско потрчко на самопрогласените европски велики.
Домашната фабрика за производство на електрични автомобили нема да се наоѓа надвор од Турција, туку на националната територија. 4000 луѓе ќе добијат работа да произведат 5 различни модели за турскиот, а можеби утре и странскиот пазар.
Фолксваген неодамна ја одложи изградбата на фабрика за автомобили во Турција поради операциите во Сирија. Како што стојат работите, Турците ќе го купат она што го произведуваат, а не она што го продава германскиот автомобилски гигант.
Сеак, се може кога се сака, браво Турци, браво Ердоган-е.









