ИСТАНБУЛ (АА) – Беира, четвртиот по големина град во Мозамбик, е поплавен поради обилните дождови што ја зафатија земјата, пренесува Агенцијата Анадолија (АА).
Во соопштението од Градскиот совет на Беира се истакнува дека катастрофата од поплавата е настаната во време кога сè уште се лекуваат раните од ураганот Идаи.
Советот сподели фотографии од поплавите на коишто се гледа дека голем број возила и куќи се поплавени. Јавноста е предупредена за загадувањето што настана по поплавите.
Во последните месеци, стотици луѓе загинаа во поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикано од обилните врнежи од дожд во Источна и Јужна Африка.
Според меѓународните организации, поплавите се предизвикани од климатските промени кои се резултат на глобалното затоплување.
Илјадници куќи и патишта беа уништени во регионот како резултат на ураганот Идаи, кој ги погоди Малави, Мозамбик и Зимбабве во март. По ураганот се појавија разни заразни болести.
AA / Dubai-Portal









