Што се случи?: Верските екстремисти во Саудиска Арабија под харизматично раководство на човекот незадоволни од пристапот на Западот кон Кралството, ја презедоа Големата џамија на Мека, за две недели.
Кога се случи?: 20 ноември – 4 декември 1979 година
Каде се случи?: Мека, Саудиска Арабија
Некои години се тивки, а други се исполнети со инциденти кои испраќаат бранчиња низ целиот свет. Со советската инвазија на Авганистан, Исламската револуција во Иран предводена од Ајатолах Хомеини, официјалното зацврстување на моќта на Садам Хусеин во Ирак и опсадата на светиот град Мека, 1979 година беше една од тие значајни години.
Мека – која се наоѓа во срцата на сите муслимани како родно место на пејгамберот(пророкот) Мухамед с.а.в.с и на местото на Кааба, првата структура на земјата изградена за обожавање на Еден и единствен Аллах(Бог), и центар на аџилак со милиони аџии секоја година – е град кој е тешко да се замисли како нападнат. Сепак, вакви инциденти се случиле низ целата исламска историја – Умајад, Абасид(Umayyad, Abbasid) и други исламски империи; па дури и силите на Ибн Сауд во 1924 година – но многумина заборавиле или не знаат за опсадата која во 1979 година се случила.
Рано наутро на 20 ноември 1979 година, две седмици по годинашниот аџилак – Хаџот и во пресрет на новиот век на календарот на исламскиа хиџретска нова година (1399/1400), се слушнаа истрели во дворот на Големата џамија во Мака, во момент после завршувањето на сабахскиот намаз. Загинаа двајца невооружени чувари – првите жртви на опсадата – а портите беа затворени за да ги спречат аџиите да избегаат и да пристигнат засилувања. Тогаш еден од напаѓачите го зеде микрофонот покрај Кааба, и извика:
„Одете на минарињата! Поставете ги снајперистите! Затворете ги вратите! Распоредете ги чуварите! Поставете ги чуварите и сентелите пред вратите! “, Нареди Џухајман Ал-Отајби(Juhayman Al-Otaybi). Еден од предводниците на нападот.. Друг човек тогаш го шокираше муслиманскиот свет извикувајќи дека водачот на групата Мухамед Бин Абдула Ал-Кахтани(Muhammad Bin Abdullah Al-Qahtani ), бил Мехди, долгоочекуваниот кој ќе го води муслиманскиот свет кон крајот на времето, кој дошол да го ослободи современиот свет од злото . Тој додаде дека семејството на Саудиска Арабија и научниците биле нелегитимни, нивниот авторитет мора да биде отфрлен, и дека сите во рамките на светото место мора да излезат и да се заложат за својата верност кон „Мехди“.

Џухајман Ал-Отајби бил поранешен војник во Националната гарда на Саудиска Арабија, истакнат воен корпус, традиционално составен од борјуни борци лојални на кралското семејство на Саудиска Арабија и салафистичката гранка на исламот со кои се поврзани. Неговиот дедо беше славниот лидер на движењето Ихван(Ikhwan ) (не мешајќи ги со муслиманското братство), султанот Бин Бајад бин Хамед ал-Отајби( Bin Bajad Bin Hameed Al-Otaybi), кој водеше востание против основачот на Царството, кралот Абдулазиз Ал-Сауд(Abdulaziz Al-Saud) кон крајот на 1920-тите години, откако постанаа најпосветени поддржувачи. Кога ги видел зделките на Ал-Сауд со западните сили, неговата мисија да ја модернизира земјата и неговите наредби да престане експанзионистичката рација на експедиции во Ирак и пограничните региони на Кралството, борците на Ихван спроведоа војна против кралот, во која Jухајман Ал-Отајби го имаше неговиот татко во придружба, пред тоа биде уништено со помош на Британците.

(FILES) A picture taken in November 1979 shows smoke billowing from Mecca’s Great Mosque, which was attacked on November 20, 1979 by gunmen belonging to a group commanded by Juhayman al-Oteibi, alias “Lieutenant Mahdi” (the Messiah). Thirty years ago, as tens of thousands of hajj pilgrims were completing dawn prayers inside Mecca, gunshots pierced the sanctity of the Grand Mosque. To mark a new century on the Islamic calendar, a group of millennialist zealots, who claimed to have with them the new redeemer — the mahdi — seized Islam’s holiest site. AFP PHOTO/STR / AFP PHOTO / FILES
Овие траги на поларизирачката и екстремната мисла на предците на Ал-Отајби живееја во него, и со својата пријавена харизма и идеолошка мисија тој го спроведе тоа наследство со тоа што го искористи самото срце на исламскиот свет. Тој погледна околу брзата модернизација на Кралството и усвојувањето нови технолошки достигнувања, особено во секојдневниот живот и забавата; како голем дел од конзервативната клерична класа во Саудиска Арабија, тој се спротивстави на тоа.
Со 400 милитанти што ја окупираа Големата Џамија и ги држеа како заложници нејзините жители и аџии, подоцна се откри дека тие шверцувале оружје, храна и муниција во засолништето носејќи ги во ковчези.
После две недели пукање меѓу милитантите и саудиските безбедносни сили, од кои десетици беа убиени, па дури и повеќе повредени, министерот за внатрешни работи принцот Наиф Бин Абдулазиз(Nayef Bin Abdulaziz) ја потврди тешкотијата на Кралството во справувањето со ситуацијата и ги повика елитните француски контрабунистички сили, Националната Група за интервенција на жандармерија (НГИЖ)(ГИГН), да помогне да се стави крај на тоа. Исто така, од извори е објавено дека, за да можат припадниците на НГИЖ да влезат во градот Мека, што е строго само за муслимани, тие морале да ја рецитираат исламската изјава за вера и да влезат во религијата официјално.
НГИЖ стратешки пристапи кон кризата, пустајќи гас во Големата Џамија што предизвика повраќање и привремено слепило, овозможувајќи им на саудиските сили заедно со пакистанските командоси да влезат на местото и да ги извадат милитантите. Откако се бореа подлабоко во засолништето и го убија самопрогласениот „Мехди“ Ал-Кахтани, останатите милитанти беа разоружани и притворени; Ал-Отајби беше меѓу нив.
На 4 декември 1979 година, кризата заврши со тоа што Големата Џамија во Мека беше целосно расчистена од милитантите и нивните идеолошки водачи. По судењето, Џухајман Ал-Отајби и неговите 67 борци, наредниот месец јавно беа обезглавени во повеќе градови низ Саудиска Арабија.
Наследство
Ал-Отајби и неговата група, од кои многумина биле етнички и културно разновидни и ги поздравувале регионите надвор од Саудиска Арабија, не успеале во нивната мисија да бидат „спасители“ на исламскиот свет на чело со нивноот лажен Мехди. Но, идеологијата што ја спомнав живееше и наводно инспирираше многу екстремистички милитанти низ целиот регион и светот до денес, вклучително и Даеш. Нивното презир за зголемување на модернизацијата се однесува на многу од оние групи кои сметаат дека таквата политика е кршење на западниот и културниот империјализам.
Како и обично, би било глупаво да се обвинува религиозниот елемент на нивната идеологија; тие се спротивставија дури и на најголемите салафистички научници во тоа време, како Абдул Азиз Бин Баз(Abdul Aziz Bin Baz), и се сметаа за екстремисти дури и пред и водејќи се до нивниот заговор. Иако денес, многумина не се согласуваат со политиката на Кралството Саудиска Арабија, фер е да се каже дека Ал-Отајби и неговите милитантни следбеници во суштина беа потомци на смачканото движење Ихван и претходниците на групите кои во моментот се мачат, а се експлоатираат од, безбедносните агенции низ целиот свет.
Dubai-Portal.










