Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави дека некои сеуште не се мирни и спокојни заради фактот дека пред неколку векови го изгубиле Истанбул.
“ И понатаму се водат водат расправи за Истанбул. Иако поминаа 566 години, некои не можеа да ја пребродат болката што го изгубија овој град“, изјавил Ердоган во обраќање во Истанбул по повод 566 годишнина од освојувањето на Истанбул, поранешен Константинопол.
“Овие пресметки нема да престанат се додека не стивнат звуците на езанот во Истанбул“, рекол Ердоган.
Тој нагласил дека освојувањето на Истанбул било едно од најважните историски пресвртници за Турција и нејзиниот народ.
“Токму еден од главните мотиви на бранот на расизам, кој како колера се шири во западниот свет, представува Голема идеја и Истанбул кој за некои ја представува таа идеја.
Големата идеја беше грчки план за обединување на сите грчки земји со грчка матица во една држава која би ги обединувала денешна Грција, Тракискиот полуостров ( европскиот дел на денешна Турција), малоазискиот брег на Егејското море и малоазискиот брег на Мраморното море.
Ердоган исто така истакнал дека Истанбул денес исто така е и цел на терористите на ИСИЛ, кои направија страшни злосторства на Блискиот исток.
“Исто така, не е случајност терористот од Нов Зеланд, додека дивјачки убиваше 52 муслимани на џума намаз, рекол: “ Ќе ги тргниме минарињата од Аја Софија“, Датумот, имињата и симболите кои убиецот ги испишал на оружјето, кое го користеше, секако представуваат ордаз на таа омраза, која не се згасна веќе 566 години“, истакнал турскиот претседател.
Тој исто така нагласил дека многу е важно да се свати дека Истанбул е центар на светот и дека овој голем град не и служи само на Турција, туку и на целиот свет.
На денешен ден 1453 година, османлиската војска на чело со султанот Мехмед II Освојувачот, го зазеде Константинопол, престолнината на моќното Византиско царство, односно Источното Римско царство, чиј последен цар беше Константин XI. Од тој ден, градот на Босфорот кој лежи на два континенти стана престолнина на Османлиското Царство.











