Повеќе од 130 радикални Евреи, во придружба на полицијата влегоа во комплексот „Ал Акса“, во окупираниот Источен Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Управата за вакафи на Ерусалим, Фирас Дибс, изјави дека 137 радикални Евреи влегле во „Ал Акса“. Како што изјави тој, поради Рамазан, месецот на пост на муслиманите, во „Ал Акса“ се наоѓаат и голем број муслимани.
Дибс изјави и дека радикалните Евреи провоцирале стотици муслимани кои извршувале верски обред.
Радикалните Евреи, во придружба на полицијата, повремено во утринските и попладневните часови влегуваат во предворјето на „Ал Акса“, што доведува до зголемување на тензиите меѓу Палестинците и припадниците на безбедносните сили на Израел.
Комплексот „Ал Акса“ се простира на 15 отсто од површината на старото јадро на Ерусалим, кое е под израелска окупација, а претставува точка на спојување на трите најголеми религии на светот.
По „Месџид ел Харам“ во Мека и Џамијата на пратеникот во Медина, „Ал Акса“ е трето најважно место за муслиманите.











