Турција ги повика САД да не се мешаат во повторувањето на изборите

0
120

Официјалната Анкара ги повика САД да ја почитуваат одлуката на Централната изборна комисија на Турција за повторување на изборите во Истанбул.

“Треба да се потсети дека одлуки за повторување на избори претходно донесуваа и САД и во многу други земји во светот. Овие прашања се решаваат во рамките на демократските стандарди “, изјавил портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој.

Оваа реакција уследи после критичките изјави на претставниците на американскиот Стејт департмент и одредени конгресмени околу одлуката на Централната изборна комисија на Турција за повторување на изборите за градоначалник на Истанбул.

Потсетуваме: на локалните избори во март, победата за градоначалник на најголемиот турски град ја однесе опозицискиот кандидат Екрем Имамоглу, победувајќи го кандидатот на владејачката Партија на правдата и развојот, поранешниот премиер и претседател на парламентот Бинали Јилдирим со дури 14.000 гласови.

Новите, повторени избори за градоначалникот на Истанбул ќе се одржат на 23-ти јуни.