Ердоган упати честитка на муслиманите по повод Рамазан

0
118

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, упати честитка на сите муслимани по повод претстојниот месец Рамазан, јавува Anadolu Agency (AA).

„На нашата нација, на исламскиот свет и на целото човештво нека биде среќен избраниот месец Рамазан, чиј почеток е милост, средината простување, а крајот спас од џехенемскиот (пеколниот) оган“, порача Ердоган на Твитер.

Исто така, Ердоган посака на сите муслимани да им бидат примени молитвите и во радост и единство да го дочекаат Рамазан бајрам.

Рамазан е деветтиот месец од хиџретскиот календар кој муслиманите го поминуваат во пост од рано наутро до заоѓањето на Сонцето, настојувајќи да го стекнат Божјото задоволство, моралното прочистување и духовната сила.

Месецот Рамазан почнува вечерва, а според исламското учење, во овој месец се наоѓа ноќта Лејлету-л-кадр во која почнало спуштањето на Божјата објава, Куранот, и ноќта на Бедр, историскиот настан кој ја насочил историјата на исламот.