Махатир: Злосторствата против човештвото се дела на терористичката израелска држава

0
150
epa07526903 Malaysia's Prime Minister Mahathir Mohamad (L) talks with Chinese Premier Li Keqiang (not pictured) during their meeting at the Diaoyutai State Guesthouse in Beijing, China, 25 April 2019. EPA-EFE/PARKER SONG / POOL

Малезискиот премиер Махатир Мухамед изјави дека расизмот, геноцидот и злосторствата против човештвото се собрани дела на арогантната и терористичка држава Израел.

Махатир зборувал за Арапската пролет, за кризата на Средниот Исток и за палестинско-израелскиот конфликт на годишната младинска конференција одржана во рамките на форумот на Ал Шарк, пренесе Анадолија.

“Арапската пролет ја сочинуваат само банкроти. Пред овие настани, тие беа доста стабилни. Погледнете што се случува сега во Јемен, Сирија и Египет. Сите овие земји беа уништени во војни, меѓуплеменски конфликти и масакри, и во нив се вратија диктатурите”, истакнал Махатир.

Шефот на малезиската влада изјавил дека дестабилизацијата на Блискиот Исток започнала помеѓу 2001 и 2003 година за време на американските интервенции во Ирак и Авганистан и додаде дека кризата во регионот продолжува.

“Во земјите како Сирија, Либија и Јемен на сцена се наоѓаат големи хуманитарни трагедии на кои светот само немо гледа”, изјавил Махатир.

Малезија е пример за мултикултурно општество

Махатир, исто така, тврди дека кризата на Блискиот Исток е директна последица на странските интервенции кои ги поткопуваат интересите на овие странски кругови под маската на демократијата и човековите права.

“Регионот беше стабилен пред тоа, а потоа беше сцена на настани наречени Арапска пролет. Овој процес остави зад себе неефикасни состојби и хуманитарна катастрофа. Нема сомнение дека една од причините за сите овие трагедии е оние кои ја украдоа палестинската земја “, рекол Махатир.

Малезискиот премиер Махатир дека за решавање на палестинското прашање потребно е итно ангажирање на меѓународната заедница.

“Денес во Палестина можеме да видиме расизам, геноцид, злосторства против човештвото и сето зло што човекот може да го направи на друг човек, а сето тоа се собрани дела на варварска, арогантна и терористичка израелска држава”, истакнал Махатир.

Нагласувајќи дека Малезија е пример за мултикултурно и толерантно општество во светот, премиерот Махатир рече дека и денес постои борба против одредени видови предрасуди и фанатизам во таа земја.

Извор: Агенција и Ал Џезира