Ирански танкер во Црвеното море упати повик за помош до Саудиска Арабија

0
120

Иранскиот танкер за превоз на нафта во Црвеното Море упати помош до Саудиска Арабија заради дефект на моторот и губење над бродот, објавија саудиските медиуми.

Иран, чиј танкер со нафта минатата година имаше катастрофална несреќа во источно-кинеското Море, и во кој животот го загубија 32 лица, засега не го пријави инцидентот.

На бродот се наоѓа екипаж од 26 морнари, 24 Иранци и два државјани на Бангладеш, пренесе АП.

Бродот се наоѓа во Црвеното Море, на 70 километри од Џедда.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)