Чавушоглу: Турција е со народот на Венецуела

0
143

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, коментирајќи го обидот за државен удар во Венецуела, изјави дека Турција секогаш ќе биде со народот на оваа латиноамериканска земја.

– Се спротивставуваме на обидите легитимните влади да се одстрануваат со недемократски средства – порачал преку својот Твитер профил Чавушоглу.

Тој посочи дека проблемите во Венецуела треба да се решат преку дијалог и договор.

Тој, исто така, изрази загриженост во врска со одредени наводи за обиди за кршење на уставниот поредок во Венецуела.

– Ние секогаш сме со народот на Венецуела – заклучил турскиот министер за надворешни работи.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги повика луѓето на улиците да ја заштитат својата татковина и уставниот поредок.

– Командантите ја изразија својата посветеност кон Уставот. Ги повикувам луѓето на улица да ја заштитат татковината и уставниот поредок – објавил Мадуро преку социјални мрежи.

Администрацијата на САД даде целосна поддршка на обидот држсавен удар во Венецуела, предводена од Хуан Гуиадо, кој се самопрогласи за привремен претседател.

Утрво, Гуаидо објави видеоснимка која наводно била снимена во воздухопловната база во Каракас, а околу него беа и членови на венецуелската армија и приведениот активист Леополдо Лопез. Во триумфалната видео-порака, Гуаидо изјавил дека војниците што излегуваат на улиците ќе го штитат уставот на државата.

Во предвечерието на најавените масовни антивладини протести, Гуаидо изјавил дека дошол клучниот момент.

Венецуела беше погодена од протести на 10-ти јануари, кога претседателот Мадуро положи заклетва на функцијата за вториот мандат по бојкот на опозицијата.

Тензијата беше дополнително зголемена кога лидерот на опозицијата Гуаидо се самопрогласи за привремен шеф на државата на 23-ти јануари, поддржан од САД и многу европски и латиноамерикански земји. Русија, Турција, Кина, Иран, Боливија и Мексико ја поддржуваат власта на венецуелскиот претседател Мадуро.