Откриен вториот најголем дијамант во светот Компанија „Лукара дијамант” во рудникот Карове откри необработен дијамант од 1758 карати

Компанија „Лукара дијамант” во рудникот Карове откри необработен дијамант од 1758 карати.

ДАКАР (АА) – Во еден рудник во јужноафриканската земја Боцвана, откриен е вториот најголем дијамант во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на компанијата „Лукара дијамант“ со седиште во Канада, во рудникот Карове откриен е необработен дијамант од 1758 карати.

Вредноста и квалитетот на дијамантот сè уште се анализираат. Дијамантот е најголемиот досега откриен во Боцвана, а втор по големина во светот.

Необработениот дијамант е поголем од тениска топка, и тежи 352 грама.

Во рудникот Орапа, исто така во Боцвана, неодамна беше откриен редок син дијамант.

Најголемиот дијамант во светот, „Кулинан“, од 3.106 карати е откриен во 1905 година во Јужна Африка.