(Дубаи – Портал) – Илхан Омар, првата жена муслиманка пратеничка во американскиот Конгрес, добива голем број закани со смрт откако претседателот Трамп преку социјалните мрежи ја посочи како цел.
Илхан Омар, првата жена муслиманка пратеничка во американскиот Конгрес, се соочува со голем број закани со смрт откако претседателот Трамп преку социјалните мрежи го сподели видеото на кое мета е Омар, јавува Anadolu Agency (AA).
По соопштението на претседателката на американскиот Претставнички дом, демократката Ненси Пелоси, дека е мобилизирана полицијата на Конгресот за безбедноста на мулиманската пратеничка, Омар изјави дека откако претседателот Трамп во петокот вечер преку својот профил на социјалната мрежа Твитер го споделил споменатото видео, започнала да добива голем број закани со смрт.
„Во оваа земја и во светот во подем се насилничките кривични дела и другите акти на омраза изведени од страна на десничарските екстремисти и белите националисти. Повеќе не може да се негира дека тие се поттикнати од страна на лицето кое стои на највисокото ниво во земјава“, рече Омар.
Истакнувајќи дека треба да му се стави крај на поттикнувањето на екстремните десничари од страна на Трамп, бидејќи тоа претставува закана по човечките животи, Омар изјави: „Сите сме Американци“.
Претседателката на американскиот Претставнички дом, Пелоси, изјави дека претседателот Трамп дал изјави со кои го загрозил животот на Омар, додавајќи дека со цел да се осигура безбедноста на муслиманската пратеничка ја мобилизирала полицијата на Конгресот.
Истакнувајќи дека тоа што Трамп ја посочил Омар како мета претставува чекор кој може да го загрози дури и животот на муслиманската пратеничка, Пелоси го рече следното: „Зборовите на претседателот се тешки како олово, неговата страсна реторика полна со омраза создава вистинска опасност. Претседателот Трамп треба да го отстрани ова срамно и опасно видео“.
Трамп во видеото што го сподели на социјалната мрежа Твитер ја обвини Омар за нејзината изјава: „Некои нешто направија“, мислејќи на 11 септември. Претседателот на САД, таа нејзина изјава заедно со видеото од моментот на уништувањето на кулите близначки, измонтирани ги сподели заедно со изјавата „Никогаш нема да заборавиме“.
Весникот „Њујорк пост“ („New York Post“), кој е познат по својата екстремно десичарска ориентираност, фотографијата од уништувањето на кулите близначки ја сподели со текстот со насловот „Еве ги нештата што ги направија некои“, директно посочувајќи ја Омар. По оваа објава на „Њујорк пост“ голем број медиуми кои се екстремно десничарски ориентирани, објавија текстови против Омар.
Голем број лица од јавноста и американскиот Конгрес, првенствено демократите, ја осудија објавата на Трамп и истакнаа дека е неприфатливо тоа што Трамп ја посочил Омар како цел.
Во објавата што Омар ја напиша на социјалната мрежа Твитер, рече дека објавата на Трамп претставува целосно извртување на работите, додавајќи дека ниту Трамп, ниту екстремните десничари немаат право да го испитуваат нејзиниот американизам.
Mahir Demişoski









