„Преодната Влада е формирана од Армијата, со цел да управува со земјата во наредниот период“, изјави воен извор, одбивајќи да даде дополнителни детали
(Дубаи – Портал) – Суданскиот претседател Омар ал Башир поднесе оставка, тврдат воени извори денес, јавува Anadolu Agency (AA).
„Преодната Влада е формирана од Армијата, со цел да управува со земјата во наредниот период“, изјави воен извор, одбивајќи да даде дополнителни детали.
„Можам да потврдам дека Башир се повлече од функцијата по притисокот извршен врз него од страна на Армијата и демонстрантите“, вели изворот, кој сакаше да остане анонимен.
Суданската државна радио-телевизија утринава објави дека Армијата ќе издаде важно соопштение, но од тоа нема ништо досега.
Стотици илјади лица се на улиците во Картум за прославување на соборувањето на 30-годишното владеење на Башир.
„Башир се наоѓа во домашен притвор и неговите телохранители се приведени“, објавија локалните медиуми.
Во меѓувреме, Суданската воена разузнавачка службa уапси повеќе од 100 извршители на владејачката Партија на националниот конгрес.
Меѓу уапсените се поранешниот министер за одбрана, Абдел Рахим Мохамед Хусеин, поранешниот потпретседател Али Осман Таха и шефот на владејачката партија, Ахмед Харун.
Суданските трупи, исто така, беа распоредени околу зградата на државната телевизија, а некои војници, наводно, влегоа во зградата во Омдурман, вториот по големина град во земјата.
Според вестите на локалните медиуми, откако Армијата на Судан ја опколи државната радио-телевизија, во Судан беа запрени летовите од меѓународниот аеродром во Картум, а дозволено е само слетување на авиони.
Стотици судански демонстранти вчера, веќе петти ден по ред, организираа протести пред седиштето на Армијата во главниот град, повикувајќи го суданскиот претседател Омар ал Башар да поднесе оставка.
Според Централниот комитет на суданските лекари, од саботата, најмалку 22 лица се убиени во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили, кои постојано и сосила се обидуваа да ги разбркаат демонстрантите.
Полицијата изјави дека еден демонстрант е убиен.
Во Судан се одржуваат протести од декември минатата година, со демонстранти кои бараат заминување на Ал Башир, кој владееше со Судан од 1989 година.
Mahir Demişoski









