(Дубаи – Портал) – Војската ќе ги осигурува владините згради и неколку други места, со цел да им помогне на полициските сили да се фокусираат при одржавање на јавниот ред и мир.
Францускиот претседател Емануел Макрон, во средата објави дека војниците ќе бидат распоредени ширум земјата, со цел да им се овозможи на полициските сили да се фокусираат на одржување на јавниот ред и мир, додека “Жолтите елеци” протестираат.
Тој исто така изјави дека војската ќе ги обезбедува владините згради и неколку други места, со цел да им овозможи на полициските сили да се фокусираат на подобро одржавање на јавниот ред и мир, соопшти гласноговорникот на владата на франција, Бењамин Гривеакс
Околу 7.000 војници, од кои повеќето ќе бидат вооружени со автоматски пушки. Тие моментално се распоредени ширум земјата, во операцијата наречена “Сентинел”, измислена со цел да се заштитат најризичните локации после смртоносните напади во 2015-година.
Француската влада во понеделникот објави нови мерки на безбедност и забрана на протестите на “Жолтите елеци” на неколку локации, после немирите во саботата, во кои се уништени продавници со луксузна роба, како и подметнати пожари во нив, пренесува Associated Press.
Реакција на премиерот
Премиерот на Франција Едуард Филипе реагираше на насилствата кои се случија во саботата, на последните протести на “Жолтите елеци”, најавувајќи оштри мерки, меѓу кои и забрана на протестирање на Елизејските полиња, а една од оштрите мерки беше и сменувањето на началникот на париската полиција.
“Ќе ги забранеме протестите на ‘Жолтите елеци’, во местата кои најмногу страдаа. Доколку приметиме присуство на ‘радикализам’ и нивната желба за уништување, на Елизејските полиња, плоштадот Пеј-Берланд во Бордо и плоштадот Капистол во Тулус”, одма ќе изреагираме и ќе ги растераме сите”, рече тој.
Mahir Demişoski











