Во Каракас почнаа судири на војската и демонстранти, пишува порталот “Национал”. Опозиција: Во болница била донесена првата жртва од судирите. Мадуро:државен удар.
Како што објави Спутник, во некои делови од градот се подигнуваат барикадии звуци во удирање во шерпи кои во Венецуела во последно време симболизираат протест против претседателот Николас Мадуро.
Демонстрантите од големите подрачја на Катиа со различни предмети гаѓале возило на националната гарда.
Специјалните сили префрлени се во подрачјето на метрото Гато Негро, каде што во тек се собирања, а медиумите пишуваат дека се употребува солзавец.
Пратеникот во опозицискиот парламент Хосе Оливарес објави дека првата жртва на протестот веќе паднала. “Ни потврдија дека во болницата во Катиа била пренесен првиот загинат од огнено оружје“, напишал тој на Твитер.
Познатиот новинар Роман Камачо објави дека две лица се убиени, а две се повредени.
Во градот Сан Геликс, држава Боливар демонстрантите ја запалиле статуата на венецуелскиот претседател Уго Чавез.
Масовните протести започнаа во понеделникот после неуспешниот бунт на војската. Луѓе излегоа на улиците, поддржувајќи група бунтовнички војници, протестирајќи против политиката на Мадуро.
Властите почнаа да користат солзавец.
Од друга страна, венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја обвини американската влада дека наредила “фашистички државен удар”, после спречувањето на воениот бунт и во пресрет на демонстрациите кои за денес ги закажале противниците и приврзаниците на владата.
Во телевизиското обраќање вчера, Мадуро побара од шефот на дипломатијата, Хорхе Ареас, “целосно да ги ревидира односите” со Вашингтон.
Неколку часа подоцна, министерот за телекомуникации, Хоре Родригес, го обвини американскиот потпретседател Мајк Пенс дека му наредил на “терористите” да предизвикаат насилство за време на протестите на опозицијата и со тоа да ја дестабилизираат владата на Венецуела.
Според зборовите на министерот, во понеделникот 27 војници беа уапсени по бунтот против претседателот и на опозициските активисти им го предале украденото оружје за “да дојде до насилства, ранети и мртви за време на протестот”.
Родригез овие активисти ги нарече како “цивили што припаѓаат на популарната терористичка ќелија Voluntad popular”, партија на затворениот опозициска лидер, Леополд Лопез и претседател на парламентот на Хуан Гвидад.
Како потврди, планот бил дека луѓето облечени во воени униформи “денес (среда) ќе пукаат на опозициските демонстрантите на”. “И зошто? За да ја спроведат нарачката на Мајк Пенс”, изјавил Родригез.
Пенс вчера ја поддржаа венецуелската опозиција во барањата за преодна влада и нови слободни избори. Според него, од 51 парче од украденото оружје 11 не биле пронајдени и вратени и би можеле да се употребат против демонстрантите.
Извор:(Танјуг)











