Политичка бура во Венецуела – САД го призна привремениот претседател

0
222

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го признава венецуелскиот лидер на опозицијата Хуан Гуаидо за привремен претседател.

Трамп при тоа ги повика и другите западни земји да го признаат Гваидо за претседател, со што, според него, ќе се засили притисокот врз Каракас.

Десетици илјади Венецуелци се на улиците протестирајќи против претседателот Николас Мадуро.

Спикерот на венецуелското Национално собрание,  Хуан Гуаидо,  кој повика на протест, се прогласи себе за лидер во Каракас.

– Денеска, на 23 јануари, објавувам дека формално ги преземам надлежностите на националната извршна власт како претседател на Венецуела, за да се стави крај на узурпацијата, изјави Гуаидо во обраќање на антивладиниот протест во Каракас.

Венецуела е во економски слободен пад веќе неколку години, за време на владеењето на Мадуро.

Мадуро беше резибран за претседател на избори одржани лани во мај, кои ги бојкотираше опозицијата и чии резултати не беа признати од ОН, ОАС, ЕУ и повеќе западни земји, вклучително и САД и Австралија, со образложение дека при гласањето имало многу нерегуларности и не било во согласност со демократските стандарди.

Извор:НоваТВ