Најопасната точка на воздушен простор во овој момент не е ниту на небото во Балтикот, ниту на Северното Море или околу Британските Острови, ниту над линијата на прекинот на огнот на двете Кореи. Дури ни на небото над Сирија. Најмногу воздушни пресметки со години секојдневно се случуваат над Егејското море над линијата на морското и воздушното разграничување на Грција и Турција.
Речиси секој ден над егејските острови, без сомнение се одвиваат натреварувања на Турските и Грчките борбени авиони.Се случуваат своевидни воздушни битки во кои противничките борбени авиони меѓусебно се пресретнуваат, залетувајќи еден спрема друг, симулирајќи намерен напад на противничкиот авион. Радарските и вооружените системи се активираат на грчки и турски борбени авиони, каде меѓусебно се таргетираат едни на друг се влегуваат средствата за електронско попречување и електронските уреди за набљудување.
Во оваа игра на нерви, неретко спротивставените авиони летаат во пресрет еден кон друг, а губи оној кој прв ќе се тргне од линијата на сигурен судир. Често пука со огнено оружје пред и околу непријателските авиони, а во неколку наврати се истрелувале и самонаведувачки ракети воздух-воздух.
Непрекинатата воздушна војна помеѓу двете членки на НАТО да досега однесе многу животи на пилоти и на едната и на другата страна, ама и покрај тоа, таа продолжува. Инцидентите по број се толку многу, така да може да се напише цела книга. Спорот настака кога Грција ја прогласи граница на своето територијално море на растојание од шест милји од брегот, а границата на воздушниот простор се прошири на десет милји од крајбрежјето. Како грчки острови во Егејското Море се во близина на турското копно, турската страна се смета за оштетена и не ја признава границата на воздушниот простор поставен на растојание од десет милји од грчките острови. Спорот околу Кипар и прогласувањето на Турската Република на северен Кипар, а во последно време и натпреварувањето околу контролата на откриените гасни локации низ Кипар.
Инцидентите се безброј, но можно е да се издвојат некои од нив, карактеристични по начинот на одвивање и драстични по последиците.
Така на 18 јуни 1992 година, учествувајќи во двобој со двајца турски борбени авион Ф-16, на мала височина над островот Ајос Ефратиос, загина грчкиот пилот Николаос Сиамас кога неговиот “Мираж” се урна. На 8 октомври 1996 година, турскиот борбен авион Ф-16 се урна во грчкиот воздушен простор во близина на островот Чиоса. Пилот Осман Чилекли ја преживеа авионска несреќа, а телото на Наил Ердоган никогаш не било пронајдено. Само шеснаесет години подоцна, турскиот министер за одбрана призна дека нивниот авион го урнал грчкиот “Мираж” со проектил воздух-воздух. Атина пак не признава лансирање на проектил и тврди дека турскиот авион е урнат заради тоа што пилотите над авионот изгубиле контрола за време на маневрирањето со грчкиот авион.
Во мај 2006 година, за време на воздушно натпреварување, се судриле два авиона Ф-16 на турските и грчките воздухопловна сили. Грчкиот пилот Костас Илиакис загина, а турскиот пилот Калил Ибрахим Оздемир ја преживеа несреќа и паѓањето на неговиот авион. Во текот на 2010 година, двајца грчки пилоти загинаа откако ги срушија своите авиони во блиско натпреварување на мала висина со турски борбени авиони.
Краткото затишје настана после обидот за државен удар против турскиот претседател Ердоган, бидејќи целата турска војска па и воздухопловство очигледно беше преокупирано со внатрешните пресложувања, ама активноста повторно е продолжена веќе во октомври 2016 година.
Грчките воздухопловни сили ги креваат своите авион како би ги пресретнале Турските повеќе од 1000 пати годишно. Турската авијација летала директно над грчките острови 3 пати во текот на 2011 година, 4 пати во 2012 година, 11 пати во 2013 година, 14 пати во 2014 година, 36 пати во 2015 година, а рекордни 57 пати во 2016 година . Според грчките извори во 2009 година, грчкиот воздушен простор бил повреден 1679 пати, а грчки и турски пилоти кои биле во контакт со себе на самиот раб на борбената активност влегле 237 пати. Во речиси 15% од случаите, пилотите се обидуваа да го фатат непријателот во нивниот систем на управување со лансирање на ракети воздух-возду. Во 2015 година, воздушниот простор на Грција, според тврдењата на Атина, бил повреден 1375 пати, а во 135 случаи турските авиони биле вооружени со проектили и во состојба на подготвеност за борба.
Во текот на 2016 година, воздушниот простор на Грција бил повреден 1671 пати. Во секој од овие случаи, Грците ги кревале своите борбени авиони со цел да ги пресретнат турските авиони. За споредба, во 2018 година, заради набљудувањето на руските авиони што летаат во близина на воздушниот простор на чченките на НАТО, авионите се подигнувале 780 пати. Според грчките изјави, турските ’инвазии’ во воздушниот простор кој го сметаат за свој и понатаму ескалираат, така што во 2017 година имало 3317 случаи. До април 2018 година турските борбени авиони влегоа во самопрогласениот грчки воздушен простор 920 пати.
Еден од проблемите со кои се соочува грчкото воздухопловство е фактот што, за разлика од нив, турското воздухопловството има флота на взодушни танкери , кои им овозможуваат на турските авиони да го надополнат своето гориво во лет, така што тие можат да влезат во грчкиот воздушен простор неколку пати во текот на еден лет. Грчките воздухопловни сили мора повторно да кренат нов борбен авион во секое време. Еден час лет на грчките борбени авиони, во зависност од видот, се движи од 8 до 12 илјади евра, на крајот тоа се претвара во голема сума пари што го оптоварува воениот буџет.
Нема причина да се верува дека грчките и турските борбени авиони на Егејското Море наскоро ќе бидат прекинати. Односите меѓу двете членки на НАТО се ‘уште се напнати и постои само надеж дека секојдневните инциденти нема да доведат до драстичен настан кој во меѓусебното туркање на небото над Егејското Море би можело да доведе до работ на војната.
Извор:geopolitikanews









