Турција меѓу земјите изземени од американските санкции на иранската нафта

0
243

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека осум земји ќе бидат привремено исклучени од вториот пакет санкции за Иран, а кој се однесува на извозот на нафта, јавува Anadolu Agency (AA).

Помпео во изјава за медиумите зборуваше за санкциите на Соединетите Американски Држави (САД) кон Иран.

Тој појасни дека ќе бидат исклучени Кина, Индија, Италија, Грција, Јапонија, Јужна Кореја, Тајван и Турција.

„Секоја од овие земји во последните шест месеци значајно ја намали трговијата со Иран, дури две во потполност престанаа да земаат производи од Иран“, појасни Помпео.

Тој за време на викендот на социјалните медиуми појасни дека цел на санкциите е иранската администрација.

„Наша цел е да се натера Иран да ги напушти штетните активности. Овие санкции за цел го имаат иранскиот режим, а не народот кој страда поради лошoто управување, кражба и бруталност“, напиша Помпео.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп најави повлекување од Договорот за нуклеарна програма со Иран, Секретаријатот за трезор на САД најави санкции врз Иран во две фази.

Секретаријатот за надворешни работи на САД минатата година укажа дека цел на санкциите е економијата на Иран и дека тие ќе се однесуваат на секторите за енергетика, банкарство, логистика и осигурителните компании.