Во следните три години властите во Приштина, ќе купат оружје вредно 300 милиони евра за своја војска.
Плановите за купување оружје беа објавени веднаш по усвојувањето на законот за формирање на армијата на Косово, кој ќе биде составен од 5000 војници и наводно ќе биде “мултинационален”.
На почетокот на октомври, американската амбасада во Приштина објави дека косовските Албанци имаат поддршка од Вашингтон во идејата за создавање на “мулти-национална професионална армија според стандардите на НАТО-пактот, но со ограничен мандат”.
После тоа на 18-ти октомври парламентот во Приштина го поддржа претходното решение на владата за формирање на полноправна војска, а основата на овие оружени сили ќе биде постоечката Сила за безбедност на Косово.
Од присутните 102 претставници во парламентот, 101 гласале за создавање Министерство за одбрана на Косово, пренесува Газета Експрес, додавајќи дека претставници на малцинската партија “Српска лист” ја напуштиле зградата на парламентот во Приштина.
Според постоечкиот устав на Косово, војската на косовските Албанци, која поради формално “мулти-национален” карактер има неколку припадници на заедница на Срби, Роми, Бошњаци и други малцинства, може да се создаде со измена на уставот со согласност од најмалку две третини од 120 претставници.
Косовските власти во 2017 година со донесувањето на законот за проширување на овластувањата на безбедносните сили се обидоа да се трансформираат во војска, но се соочија со отпор и забрана не само од меѓународната заедница, туку и од САД, кои од базата “Бондстил” и својата амбасада во Приштина управуваат со Косово како свој протекторат.
Како што рековме, почетокот на октомври САД одново го менуваат ставот и американската амбасада во Приштина им дава “зелено светло” за формирањето на армијата и Министерството за одбрана.
Одлуката на Соединетите Држави доаѓа непосредно по одлуката на премиерот Харадинај и кабинетот на министри на Косово за одлуката во септември оваа година да се одобри формирање на армијата и реорганизација на вооружените сили на постојните Сили за безбедност.
Во безбедносниот смисол ова значи дополнително заострување на односите на зовриениот југ на Балканот, каде што се спорат Македонија и Грција, Србија и Косово, кого го подржува соседна Албанија, каде што Македонија и Црна Гора се соочуваат со етнички и други поелби, а соседната Босна и Херцеговина по неодамнешните избори влезе во периодот на институционална криза, бидејќи Хрвати, како конститутивен народ, не го признаваат Жаљко Комшиќ за својот член на претседателството, главно избран со гласови на Бошњаците.
“Зеленото светло” на американската администрација на Приштина дека може да создаде своја војска, што е радикално заострување во однос на претходната политика, дополнително ќе ја отежни сложената поврзаност на јужниот регион. Се чини дека актуелната американска управа сака на сила да ја зацементира наметнатата рамка, која долгорочно дефинитивно не е одржлива.
Освен тоа, косовскиот преседан во само десетина години послужи како правна основа за слични одлуки во Јужна Осетија, Абхазија, Ирак, Курдистан, Крим и Каталонија. Меѓутоа, на други места се одржаа референдуми за самоопределување, некои успешно, а некои не. Колку долго Македонија може да го избегнува сличното сценарио? По кој пат ќе тргне Босна и Херцеговина, која едвај преживува во “лудачката кошула” на Дејтонскиот договор, ама сеуште држава со две ентитети и три конститутивни народи?
Не е важно кој уште ќе се повика на овој преседан, ама веќе уште сега може да се претпостави дека Американците и Европејците, ако не им оди во прилог, тогаш на цел глас ќе грмат дека е бедно и лошо, или ќе го поддржат тој процес, ако е во нивниот интерес.
Давањето легитимитет на сила и кршењето на договорот и резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, според кои Косово не може да има војска, САД не само што ја нарушуваат кревкиот мир помеѓу Србите и Албанците, туку создаваат услови за напнатос во целата област, кои лесно може да прераснат во отворени судири.
Извор:logicno










