Süddeutsche Zeitung ги открива “внатрешните и надворешните непријатели“ на ЕУ

0
189

Народите на овие простори многу добро знаат кога медиумите и политичарите ќе почнуваат да зборуваат за ” се поголемата присутност и активностите на внатрешните и надворешните непријатели“, доаѓа време за големи промени и можеби колапс на федералниот државен систем.

Оваа реторика беше упатена до јавноста од страна на германскиот весник Süddeutsche Zeitung, кој пишува дека Европа “попушта пред нападите на внатрешни и надворешни непријатели”. Интересно е што германскиот лист не ја спомнува Европската унија, која можеби и не мора да биде, туку Европа како континент, која како некаде ќе побегне.

“Во моментов, Европа се соочува со невиден притисок, и однадвор и однатре. Внатрешните непријатели на ЕУ, кои сакаат да ја уништат, претставуваат посебна опасност. Иако се во малцинство, повеќето сега ќе треба да почнат да се бранат, доколку не да биде певладана”, пишува за германскиот весник дежурниот пропагандист Стефан Корнелиус.

“Во Европа постојат два мита. Првото дека ЕУ станува посилна и обединета, бидејќи нејзините членки тоа гос акаат. Другиот е дека во Европската унија нема луѓе кои и` се противат на тоа или, што е уште полошо, копнеат за нејзино уништување. Грдата реалност е дека непријателите на Европа не со скрстени раце. Иако тие се во малцинство, Европа мора да се брани ако не сака да биде надмината “, советува германскиот новинар.

“Само Франција, Германија, Белгија и Луксембург денес зборуваат за продлабочување на интеграцијата во Европа. Останатите 24 земји сакаат да изградат прагматични или национално-егоистички односи со ЕУ. Ако Европската унија биде сериозно поткопана или пропадне, на повеќето Европејци тоа нема да им ги расипе нивните соништа “, уверува Корнелиус.

“Сепак, за повеќето граѓани, европскиот проект е сè уште корисен, но постојат фактори кои можат да го загрозат единството на ова мнозинство. На пример, Брексит, кој може да ги поттикне другите да го имитираат или да го повредат владеењето на правото и демократијата во Унгарија и Полска, како и целните италијански напади врз еврото, кои на Европската унија и`се закануваат со финансиска и валутна криза “, пишува Süddeutsche Zeitung и се префрла на” надворешните непријатели “.

“Ситуацијата ја влошуваат надворешните околности. Самоуверена Кина, која станува се поагресивна, непријателска Русија и деструктивна Америка која го загуби раководството, сето тоа може да стане неподнослив товар за Европската унија “, истакна Стефан Корнелиус.

“Во овој случај, главниот тест за ЕУ ​​ќе биде ситуацијата во Италија. Буџетот на Рим е провокација што не смее да остане без одговор. Европа мора да докаже дека може да се справи со таквите деструктивни сили, а на примерот на Брексит гледаме дека Европската унија има сé што е потребно за тоа. Ако тој дејствува решително и на заедничкиот фронт,  може да му одолее на фанатизмот на своите противници. Оние кои го ценат овој сојуз сега мора да го бранат со сите свои сили, бидејќи леденото доба во Европа е само на почетокот “, заклучува авторот.

Сега, како што нё учи нашето искуство, веројатно следуваат интензивирани вежби од типот “Ништо не може да нè изненади” и “Социјална одбрана и самозаштита”, со што “прогресивните” и “свесни” Европејци, предводени од дел од политичката елита од Франција, Германија , Белгија и Луксембург би ги препознале овие “злосторници” кои не седат со прекрстени раце, туку во дослух со Русите и Кинезите, сметајќи и на пасивноста на Трамп, сакаат да го уништат “братството и единството на европските народи и националности”, и добро е што има новинари како Стефан Корнелиј кој ни ги отвара очите.

Конечно, малку предупредување, така за да нема забуна, ова не е утринска сатира, туку превод на статијата на Стефан Корнелиус, која навистина постои и пишува за Süddeutsche Zeitung.

Извор:logicno.com