Француски истражувачи забележале намалување од 25% за ризикот од рак кај редовните корисници на органска храна, според студијата објавена во понеделник, 22 октомври, во американското медицинско списание JAMA Internal Medicine. Падот од 34% е забележан кај рак на дојка кај жени во постменопауза и 76% кај рак на лимфом.
Оваа студија, спроведена е на примерок од над 68.000 луѓе, претежно жени.
“Иако причинската врска не може да се одреди врз основа на оваа поединечна студија, резултатите покажуваат дека исхраната богата со органска храна може да ја ограничи појавата на рак”, се вели во соопштението. Иако овие резултати мора да бидат потврдени со нови истражувања, научниците веќе дискутираат за две можности кои имаат влијание врз зголемената појава на рак: масивна употреба на пестициди во конвенционалното производство на храна и потенцијално повисоки нивоа на одредени микронутриенти корисни за здравјето во органската храна.
Што е органска храна?
Органската храна е храна без вештачки адитиви како пестициди и вештачки ѓубрива. Органската храна нема модифицирани гени и не се третира со радиоактивно зрачење, а употребата на индустриски хемиски адитиви е строго забранета во производството на органска храна.
Нашите стари баби одгледуваа органската храна. Сè што е одгледувано до 20 век може да се каже дека е органско. Иако “реномирани” научници и медиуми тврдат дека производството на органска храна е скапо и комплицирано, тоа не одговара на вистината. Органската храна е прилагодена на нашата животна средина и како таква нејзината отпорност на разни болести не е доведена во прашање.
Западните демократии се обидуваат да ја стават органската храна во законска рамка, тврдејќи дека се грижат за здравјето на општата популација. Меѓутоа, органската храна може да ја регулира само по природа, а не човекот и различни прехрамбени интереси.
Додека пишувавме ова статија, ни требаше квалитетна фотографија која ќе ја претставува органската храна. Не сакавме да ги искористиме премногу дотераните. Па се одлучувме да прикажеме некои кои самите сме ги фотографирале, или ак некои кои сме ги позајмиле од луѓе кои навистина одгледуваат органска храна, притоа решивме да ги преземеме фотографиите од Ѓорѓе Докманович од Moravica, кој по пат ни дозволи да ги користиме. Искрено му благодариме.
Сепак, една ластовичка не прави пролет, одамна рекле паметни луѓе. Во оваа прилика ви подаруваме прекрасен празник, од нешто што навистина го дала природата и представува дел од вистинската природа, а не нешто што самиот човек го модификувал (ГМО) за подоцна истата модификација да биде причина за предизвикување на разни болести.
Organska Hrana – Đorđe Dokmanović

Izložba organskog voća Cernik


Извор:logicno/Organska Hrana – Đorđe Dokmanović









