КАРАЧИ (АА) – Денеска во јужниот пакистански пристаништен град Карачи беше одржана церемонија на полагање на кобилица со што започнува изградбата на брод корвета од класата „Ада“, во рамките на турскиот Проект за национален брод (МИЛГЕМ), а која ќе биде изградена заеднички од страна на Турција и Пакистан за пакистанската морнарица, јавува Агенција Анадолија (АА).

„На церемонијата одржана на бродоградилиштето и инженерски работи „Карачи“ (KSEW) – специјализиран оддел за бродоградба на пакистанската морнарица – присуствуваа началникот на морнарицата, адмирал Амјад Кан Нијази, офицери на пакистанската морнарица и претставници на турската државна одбранбена фирма АСФАТ“, се вели во официјалното соопштение.

Во обраќањето на церемонијата, Нијази рече дека производството на домашни модерни воени бродови со помош на Турција е горд момент за Пакистан.

Тој истакна дека заедничкото вложување ќе отвори нови патишта за соработка меѓу Анкара и Исламабад во областа на одбранбеното производство.

„Бродовите од класата Ада во рамките на проектот МИЛГЕМ, значително ќе ги зголеми оперативните способности на пакистанската морнарица“, се додава во соопштението.

„Бродовите се градат според современите стандарди за изградба на поморски бродови и ќе бидат опремени со најсовремено оружје и сензори, вклучувајќи ракети земја-земја, земја-воздух и противподморничко оружје“, се вели во соопштението.

Во јули 2018 година, пакистанската морнарица со АФСАТ потпиша договор за купување на четири брода од класата МИЛГЕМ. Во рамките на договорот, две корвети ќе бидат изградени во Турција, а следните две ќе бидат изградени во Пакистан, што подразбира и технолошки трансфер.

Бродовите МИЛГЕМ се долги 99 метри со капацитет за поместување од 24,00 тони и можат да се движат со брзина од 29 наутички милји. Противподморничките борбени фрегати можат да бидат скриени од радарите.

Во октомври 2019 година, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, заедно со тогашниот началник на пакистанската морнарица, адмирал Зафар Махмуд Абаси, за време на церемонијата во Истанбул ја пресече металната плоча на првата корвета од класата „Ада“ во рамките на проектот МИЛГЕМ.

Турција е една од 10-те земји во светот кои можат да градат, дизајнираат и одржуваат воени бродови користејќи ги своите национални способности.

Anadolu Agency