По само 32 минути во населбата Бозкој, во турската провинција Маниса, завршено е изјаснувањето на граѓани на денешните претседателски и парламентарни избори.
Во населбата која брои 48 жители, граѓанската должност ја извршиле 29 цивили, објави агенцијата Анадолу.
Избирачкото место било отворена во осум часот по локално време и е затворена 32 минути подоцна.![]()
Локалните жители кои се занимаваат со земјоделството, во утринските часови, ја извршија својата граѓанска должност и се вратија на своите секојдневни обврски.
Најстариот жител е 86-годишниот Ихсан Бас, кој исто така е поранешен селски старешина, додека најмладиот е 18-годишниот Омер Донмез.![]()
Старешината Бозкоја Ирфан Гондер изјави дека порано имало 65 гласачи во населбата, но тој број е намален поради раселување на населението.![]()
![]()
![]()
Тој истакна дека населбата имала 35 регистрирани гласачи, но шестмина биле во болници надвор од градот.
Извор:фактор/АА











