Принцот Вилијам следната недела ќе ги посети Израел и Палестина, што ќе биде прва турнеја на представник на британското кралство на овие територии.
Дури и пред официјално да започне, посетата предизвика нервоза во Израел откако Кенесингтон Палатата го објави распоредот за патување.
Во официјален распоред, заедно со обиколката на Стариот град Ерусалим, пишува дека се наоѓа на палестинска територија, а не во Израел.
Ова значи дека кралската палата смета дека Стариот град се наоѓа на окупирани палестински територии.
Зеев Елкин, израелски министер за прашањето на Ерусалим, на британското кралско семејство му порачал дека “Ерусалим е главен град на Израел 3.000 години” и ги повика организаторите на посетата на принцот Вилијам Вилијам да го сменат официјалниот документ на посетата.
“Жал ми е што во Велика Британија одлучија да ја исполитизираат посетата. Ерусалим беше главен град на Израел 3.000 години, а отфрлањето на фактите не може да ја промени реалноста”, изјавил Елкин.
Израел го окупираше источниот Ерусалим во 1967 година по војната со Јордан, а 13 години подоцна ја анектираше оваа област, која не признава голем дел од меѓународната заедница.
Извор:РСА










