Силно невреме денес во попладневните часови го погоди турскиот главен град Анкара и доведе до поплави кои уништија десетици возила.
Како што пренесуваат медиумите, времето негативно влијаело на секојдневниот живот во Анкара. Од поплавите најмногу била погодена населбата Мамак, каде што водата ги носела паркираните автомобили.
Водата поплавила некои деловни простории во тој дел од турскиот главен град. Еден од жителите, Фатих Ердоган, изјавил дека водата одеднаш се појавила.
“Водата носеше автомобили. И уништуваше деловни простории “, додал Фатих.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=dOYBnGpNO3c[/embedyt]
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=iH2DwZi34HE[/embedyt]
![]()
![]()
![]()
![]()
Извор:Фактор/АА









