Израелските војници уништија две одделенија на палестинско училиште лоцирано во Источен Ерусалим бидејќи, како што тврди израелската страна, не постоеле потребни дозволи.
![]()
Очевидци за Агенцијата Анадолу (АА) изјавиле дека срушените простории биле предвидени за третото и четвртото одделение на основното училиште, кое се наоѓа во Абу Нуввара, на периферијата на Ерусалим.
Училиштето го посетуваат околу 60 ученици и е единственото во Абу Нуввара со околу 700 Палестинци.
Абу Нуввар се наоѓа помеѓу три еврејски населби, а населението е изложено од притисокот на израелската влада да ја напушти областа поради изградба на нови станбени единици.
Жителите го обновија основното училиште откако израелските сили го урнале во 2016 година.
Претходно била донесена одлука за целосно уривање на училиштето, која била пролонгирана до конечната одлука на судот. Сепак, донесена била конечна одлука за уривање на две оддленија изградени на почетокот на оваа учебна година. По оваа одлука, две оддленски простории биле префрлени во други простории.
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
Извор:Faktor.Фото: Anadolu Agency










