Неколку стотици деца денеска се собрале во Газа и протестирале заради израелската окупација која предизвика сѐ потешка економска и безбедносна ситуација во тој палестински регион..jpg)
Децата се собрале на плоштадот Сераја, а протестите биле организирани од страна на Унијата на хуманитарни организации во Газа.
Спасете ја Газа, Стоп за окупацијата, Окупација ја уби мојата насмевка, ми ги украде моите соништа, Каде е моето право на вода и електрична енергија, Колку уште долго ќе молчите, биле некои од пораките на транспарентите што ги носеле палестинските деца.
“Се собравме за да го подигнеме гласот против окупацијата и економската криза. Децата во Газа страдаат многу, бидејќи им се одземени основните права “, порачал Незих ал-Бен, кој се обратил на присутните во име на организаторот.
Околу два милиони Палестинци живеат во Газа, и овој регион е под целосна израелска блокада веќе 12 години.
Од Унијата на хуманитарни организации соопштено е дека стапката на сиромаштија во Газа се пораснала на 80 отсто, при што невработеноста надминал 50 отсто.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
Извор:RSA








