Началникот на Генералштабот на турската армија, генерал Хулуси Акар, и шефот на Турската национална разузнавачка организација (МИТ), Хакан Фидан, пристигнаа во Москва, каде денес ќе разговараат со шефот на Генералштабот на руската војска, генералот Валери Герасимов.

Средбата ќе биде првенствено посветена на дискусија за сегашната ситуација во Сирија. “На 18 јануари, во Москва допатувале началникот на Генералштабот на вооружените сили на Турција, Хулус Акар, и турската национална разузнавачка организација, Хакан Фидан, на разговори со началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, генерал Валери Герасимов”, потврди РИА Новости.

Објавено е дека за време на разговорите, страните ќе разговараат за регионалните безбедносни прашања и детално ги разгледуваат случувањата во Сирија и ќе ги усогласат ставовите на Москва и Анкара за процесите на преговори во Астана, Женева и Сочи.

Потсетуваме, на крајот од овој месец, Русија ќе биде домаќин на Конгресот на сирискиот национален дијалог. Иницијатор на преговорите за сирискиот конфликт во Сочи е рускиот претседател Владимир Путин.

“Анкара е во близок контакт со Москва во врска со можното започнување на заедничка операција во сирискиот регион на кантонот Африн”, објави турското Министерство за надворешни работи.

Најавата е значајна, со оглед на тоа што Курдите во кантонот Африн имаат силни врски со Русија и речиси и да немаат контакти со американските сили со кои курдските сили на ЈПР соработуваат во североисточниот дел на Сирија.

Меѓутоа, турскиот претседател Ердоган го објави почетокот на кампањата против курдите во Африн.

Во меѓувреме, турското Министерство за надворешни работи издаде соопштение во кое го обвини Вашингтон дека не успеа да ги исполни своите ветувања за соработка со Курдите во Сирија.

“Вашингтон не го исполни ветувањето за Сирија што го и даде на Турција, заради што се зголемува недовербата на Анкара кон САД”, ркол турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

“САД ни кажаа дека огромните количини на оружје што и беше испорачано на курдската милиција на ЈПГ во Сирија по операцијата во Рака дека ќе биде вратено. Но, тоа не се случи “, изјавил Чавушоглу.

Тој, исто така, додаде дека Вашингтон не го исполни своето ветување да ги повлече курдските сили од сирискиот град Манбија. Чавушоглу истакна дека Анкара постојано ја изрази својата загриженост на Вашингтон, но САД не дадоа соодветен одговор, па заради тоа турските недоверба кон САД се зголемува.

Турскиот министер за надворешни работи смета дека причините за сегашните несогласувања меѓу Анкара и Вашингтон се внатрешни американски проблеми.

Претходно тој изјави дека меѓународната коалиција предводена од САД планирала во Сирија да распореди 30.000 безбедносни сили во Сирија коли би биле распоредени на границата помеѓу Ирак и Турција, долж реката Еуфрат, што Турција остро го одби.

Подоцна, турскиот претседател Ердоган изјави: “Американците во северна Сирија создаваат терористичка армија која Анкара нема да ја дозволи и ќе ја уништи“. Денешната посета на шефовите на армиите и разузнавачките служби во Москва ќе ги разгледа овие и другите прашања поврзани со Сирија, додека во кантонот Африн во моментов се водат спорадични конфликти меѓу турската армија и локалната курдска милиција.

Иако поголемиот дел од Курдите во кантонот Африн се со цвртси врски со Русија и компромис со Дамаск, Нури Махмуд, портпарол на силите на ЈПГ од областа каде што се наоѓаат американските сили, утрово изјави дека “молкот на владата во Дамаск за турските напади е доказ за договор за размена на Идлиб за Африн, исто како што се случило во Алепо. ”

Извор:logicno

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here