Два возови во Шпанија јурат еден кон друг и како никој да не може да ги запре. Оваа слика на тврдоглавоста и непопустливоста на Мадрид и Барселона за време на оваа криза ги рашири медиумите од минатата недела до исцрпување. Сега возовите се судрија со полна брзина. Каталонија прогласи независност, а Шпанскиот сенат го одобри озлогласениот параграф 155, кој предвидува прекинување на каталонската влада и укинување на автономијата.
Без сомнение, ова е историски ден во историјата на Шпанија. Или неутрално да формулираме ден кој означува еден длабок процеп. Во историјата на овој регион, четири пати било прогласувано нешто како “Каталонска република” или “Каталонска држава”. За прв пат во 17 век за време на востанието на жетварите, потоа за време на првата Шпанска Република во 1873 година, а потоа двапати за време на другата шпанска република, пред шпанската граѓанска војна, во 1931 и 1934 година. Во сите овие случаи, не станува збор за прогласување на целосна независност, туку за прогласување независна каталонска држава во рамките на федерално зачната Шпанија. Повеќето од овие Каталонски “независности” не траеле повеќе од неколку дена.
Рахој даде придонес за кризата
Колку повеќе изненадува тоа, ова е вистинска, прва вистинска декларација за независност на Каталонците. Човекот се прашува како е можно. Зошто токму сега, во 2017 година, во рамките на демократска, законска држава, која гарантира широки автономни права и која, на Каталонците им гарантира – во рамките на Европската унија – мир и просперитет?
За да се одговори на ова прашање, прво треба да се погледне во Шпанија, но не и исклучиво на неа. Начинот на кој владејачката конзервативна партија во Мадрид, предводена од Маријана Рахој, без и малку чувство на емпатија и чувствителност кон дипломатијата, се обидува исклучиво со параграфи да ја сопре оваа единствена криза во Шпанија, а тоа сведочи за застрашувачкиот недостаток на имагинација. Рахој не дораснал на неговата функција. Најдоцна од 2010 година, кога шпанскиот Уставен суд го сруши моменталниот статус на каталонска автономија во 2006 година, во голема мера придонесе за интензивирање на кризата.
Медитеранска Северна Ирска?
Кога се бараат причините за проблемот и одговорнит, секако треба да се погледне и во Барселона. Каталонски политичар Луис Рабел неодамна изјави на референдум во Шкотска: “Да не заспиеме со сонот за Шкотска, а потоа да се разбудиме во Северна Ирска”. Во наредните денови, ќе се види дали популистичките пропагандисти на едностраната и незаконска независност ќе ја претворат Каталонија во Медитеранска Северна Ирска. Никој не се надева на тоа, но тоа треба да биде загрижува.
Најпосле, на ова место, на заспаните политичари на ЕУ би требало да им стане јасно дека ова повеќе не е исклучително шпанско прашање. Новиот тип на “шпанска треска” во форма на еднострано прогласена независност, исто така, би можел да влијае и на другите земји на ЕУ. ЕУ не може постојано да ја врти главата, како во случајот со Шкотска и сега со Каталонија. Конечно, треба да ја отвори “кутијата за прва помош” и конструктивно да придонесе за решавање на проблемот, каде, како и во случајот со Шпанија, централната власт е целосно преоптоварена.









