Завчера известувавме за воведуваето на нови ограничени американски санкции против извесни кинески компании и поединци (Bank of Dagong, Dalian Global Unity Shipping , двајца кинески државјани), заради нивната наводно подршка на северно корејскиот режим.
Ова одлука на американското Минситерство за финансии “аминувана“ од страна на претседтелот Донал Трамп, ќе предизвика дополнително влошување на американско-кинеските односи, само привремено релаксирани после посетата на претседателот Кси Џинпинг на САД на почетокот на месец април кога со претседателот Трамо на Флорида договорил за зајакнување на притисокот на Пекинг на Пјонгјанг заради воздржување о неговата нуклеарна и ракетна програма.
Завчерашните нови санкции ќе доведат до “тектонско поместување“ во односите на Вашингтон и Пекинг, изјавил во интервју за телевизијата СНБС Кајл Бас, шеф на фондот Hayman Capital Management, притоа потврдувајќи:
“Според моево мислење, тоа што се случи завчера, означува тектонско поместување во односите на САД и Кина. Американската влада еднострано воведе финансиски санкции против кинески банки, транспортни компании и неколку особи. Кинескиот претседател Кси Џинпинг сака да има надзор над ситуацијата и тешко е дека ќе му се допадне американскиот едностран чекор. Току на таков начин, како што гледаме, делува претседателот на САД Доналд Трамп. Освен санкциите против Кина, САД истотака, практично истовремено, објави и склучување на договор за продажба на оружје на Тајван во износ од 1,4 милијарди долари. Би напоменал дека Тајван беше една од зоните во ситуација околу која Кси Џинпинг го замоли на Трамп да не се меша, при неговата средба ова година. Освен тоа, Трамп претходно заборувал за тоа дека е подготвен да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун. Меѓутоа после тоа се случи инцидент со враќањето од Северба Кореја на американскиот студент Ото Вармбиер и неговата смрт – јас мислам дека за било каква заедничка средба сега повеќе не станува ниту збор. Заради тоа по план на дипломатијата односите на Кина и САД значително се сменија- се сменија на полошата страна.
Би додал, дека во последните години Кина зазема значајна положба на светскиот театар, тие себе си се сметаат за сё посилни и претпоставуваат дека мора да се смета на нив. Улогата на Кина во економскиот план во стварност се зајакна и навистина тоа е така. Меѓутоа овде навистина има и едно “али“ кинсекиот банкарски систем во изминатите години растеше со преголема динамика. На Кина доволно и` припаѓа улогата на “лоши“ кредити што во иднина може да го ослабне кинеското стопанство.
Портпаролот на кинеското Минситерство Лу Канг изјавил дека Кина и во Пекинг и во Вашингтон на САД му го изразила својот протест заради американските намери на Тајван да му продаде оружје. Како што вели Лу Канг, Тајван и понатаму е неодвоив дел од кинеската територија и тој американски чин представува “сериозна“ повреда на меѓународното право и темелните начела на меѓународните односи“.
Ако на овие вести го придодадеме и состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп и новиот француски лидер Емануел Макрон кој притоа зазел остар противкинески став поврзан со кинеските ивестиции во ЕУ и дампинг цените со кои кинексиот бизнис е мета на европската конкуренција ( а кон ставовите на Макрон се придружила и Германија), по се изгледа Кина ја очекува сложен период во односите со Западот. Пекинг не успеа да ја “забие шајката“ помеѓу поедини клулни држави на Западот, а како што изгледаше на претходниот економски форум одржан во Давос, кога Кина со најава скокна во “испразнетото“ место на главниот двигател на пазарната глобализација после најавата на политиката на Трамп позната како „America first“ и политика на враќање на американскиот изолационизам и протекционизам. Ова кинеска политика ја подржува глобалозацијата и општоприфатливите вредности, дополнително базирана на европскит страв од непредвидливите потези на Трамо, што повеќе до израз дојде при спорот меѓу САД и ЕУ, поврзано со Париската конференција за климатските промени и откажување на Вашонгтон од потпишување на заедничка декларација, кога Пекинг изјави дела независно од американскиот став, тој ќе продолжи со уште посилна борба за зачувување на планетата Земја и инвестира нови стотици милијарди во проекти поврани за обновување на изворите на енергија. меѓутоа очигледно е дека и во овој случај геополитиката го одзема приматот на равноправниот глобален пазарен натпревар, а за зачувување на околината на мегакорпорациите и крупниот капитал ионака не му е премногу гајле. Очигледно на Кина ја очекуваат тешки времиња во односите со Вашингтон, кои току сега ја потврдуваат својата намера на изведување на големи азиски воени вежби заедно со војските на Индија и Јапан, на кои Кина нема да биде поканета. А ваквата порака, повеќе е од јасна.







