Веќе неколку денови наназад група на ентузијасти-волонтери започнаа со реализација на проектот “Водата значи живот“. Како што и претходно пишувавме станува збор за активност која треба да биде завршена (реализирана) обезбедување на проток на вода од делот на подгоречката планина кој веќе неколку години наназад заради дотраеноста на подлогата на коритото по кое таа претходно се движела, истата не истекувала во старото корито кое преки делот познат како Пирости камен-Подгоречки бачила истекуваше се до населба Подгорци.
Како што гледате нашата цел беше да се искористи водата која како што можевте да забележите долги години наназад едноставно заради подлогата исчезнуваш и на тој начин водата не доаѓаше во деловите кои некогаш за нас како посетители а исто така и за животинскиот свет значеше живот.
Моментално поголемиот дел е реализиран, со поставувањето на делови од метални коритоа, пресечени од буриња, и делови од линијата кои дозволуваат бетонирање на подлогата, и со тоа на што е можен начин заштити односно обезбеди автентичноста со природата околу неа.
Сите коментално работиме како волонттери бидејќи имаме иста желба, се надевам дека ќе ја реализираме поголемата должина и обезбедиме нормален проток на водата, а се разбира да им се заблагодарам и на оние кои на некој начин финансиски учествуваат во оваа наша активност, како и оние жотели кои во ова активност се уште од самиот почеток, притоа ги повикуваме и останатите жители кои пројавуваат желба да помогнат слободно нека ни се придружат во ова наша заедничка цел, која е во интерес на сите нас, – ни изјавија представници кои се грижат околу организацијата на текот на овој проект.











