frnacija protesti

Новото истражување  покажало дека Франција е на работ на излегување од Европа, како анти-ЕУ сентимент го освојува континентот во пресрет на референдумот во Brexit во Велика Британија кон крајот на овој месец.

Сё повеќе Европјани се определуваат против ЕУ заради мигрантската и економска криза, за тоа сведочат и резултатите од анкетите на американскиот центар за истражување на мислењето “Pew Research centar”.

Истражувањето покажало дека само 51% од испитаниците поситивно се однесуваат спрема ебропските институции, додека 47% песимистички се расположени спрема ЕУ. Во просека 42% од испитаниците сметаат дека нивната земја треба да има повеќе власт.

Според резултатите од анкетите, меѓу главните приврзаници на европските инстируции се Полска 71% и Бугарија со 61%. Само 27% од Грците, 38% од Французите и 47%  од Шпанците се однесуваат позитивно спрема ЕУ. Меѓу приврзаниците на ЕУ 44% се Британци и 53% Шкотлаѓани.

Како наведува центарот, меѓу можните причини за незадоволство можат да бидат мигрантската криза и економските проблеми. Мнозинство од испитаниците сметаат дека Брисел не уепсева да излезе на крај со проблемот на миграцијата во Европа. Многу испитаници се незадоволни од акциите на ЕУ во светло на економската криза.

Без оглед на песимистичкото расположение спрема ЕУ, 70% од испитаниците сметаа дека излегувањето на Велика Британија од составот на ЕУ негативно ќе влијае на европските институции.

Во акнета спроведена во период од 4.април и 12 мај 2016 година учествувале речиси 10.000 граѓани од десе држави – членки на ЕУ

(sputniknews.com)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here