
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера го потпиша законот за одземање на пратеничкиот имунитет во случај на кривично гонење.
Ројтерс пренесува дека тоа е соопштено од кабинетот на Ердоган и се наведува дека во прашање е уставна измена која најверојатно ќе заврши со одстранување на пратениците од прокурдската опозиција од турскиот парламент.
Ердоган ја обвини прокурдската партија HDP, трета партија по големина во парламентот, дека представува политичко крило на екстремистите кои покренале востание на југоистокот на Турција, во места населени со Курди, и кое трае веќе три децении. Ројтерс исто така наведува дека Ердоган посакува сите такви лица особено од HDP да ги види на суд како би сносиле одговорност доколку се вмешани во терористички активности.
Агенцијата понатаму додава дека промената на Уставот исто така би можела на Ердоган да му обезбеди поголеми претседателски овластувања.









