САД сметаат дека одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за  аболиција на политичари и нивни соработници под истрага за криминал во врска со скандалот за прислушувањето сериозно ја доведува во прашање способноста на Македонија да одржи веродостојни избори на 5 јуни, изјави Даниел Бер, амбасадорот на САД во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.

phpThumb_generated_thumbnailjpg[1]

„САД ги охрабруваат напорите на граѓанското општество да го поддржи демократскиот развој во Македонија, и работата на Државната изборна комисија да подготви веродостојни избори. Сепак, одлуката на претседателот Иванов сериозно ја доведува во прашање способноста на земјата да одржи веродостојни избори на 5 јуни, чиј оригинален датум веќе беше одложен“, вели Бер и додава:

„Вознемирени сме од извештаите за одмазда кон граѓанските организации кои изразиле загриженост поради заплашување на гласачите и замаглување на границата меѓу државата и партијата.“

извор: Сакам да кажам